Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Екс премиерот на Словачка создал криминална група

"Arrivals" (CC BY-NC-ND 2.0) by European Council

Екс премиерот на Словачка создал криминална група

Поранешниот премиер на Словачка Роберт Фицо е обвинет дека имал формирано криминална група.

Словачките власти, за истиот криминален случај го имаат обвинето и Роберт Калинак кој во владата на Фицо беше министер за внатрешни работи. Поранешниот премиер сега е само пратеник на опозициската Социјал – демократска партија, тамошната полиција се уште нема побарано укинување на претеничкиот имунитет, за да да може обвинетите да ги стави во притвор.

Калинак за кого властите тврдат дека исто така бил дел од криминалната група на Фицо, ја напушти политиката по падот на владата во која беше министер и сега работи како адвокат.

Борба со раширената корупција

Нивниот адвокат им изјавил на новинарите во Братислава дека обајцата негови клиенти ги отфрлаат ваквите обвинувања и сметаат дека тие се без основа, затоа што се „политички мотивирани“.

Актуелната влада на Словачка и нејзиниот премиер Едуард Хегер, засега, настојуваат да стојат по страна во случајот, верувајќи дека полицијата има доволно докази за покренување на обвиненијата. Во предизборната кампања, од пред две години, Хегер главен акцент стави на борбата со корупцијата со која сериозно е опфатено словачкото општество.

Владата е создадена како коалиција во 2020 година и од тогаш беа покренати низа истраги и отворени кривични процеси против поранешни функционери, полицајци на високи позиции, судии и обвинители, како и луѓе од бизнисот. Во најголем број, тие се осомничени, или се веќе обвинети – за корупција.

Роберт Фицо беше премер на два пати. Прво од 2006 до 2010 година, а потоа од 2012 до 2018 година. Во словачката политика тој важи за популист кој сакаше повремено да „кокетира“ со националистичките партии и движења.

Премиер – популист

Во еден период ја приближи Словачка до дисидентите во Унгарија и Полска, делејќи ги со Виктор Орбан неговите анти – ЕУ позиции, во настојувањето да се создаде друг тип на Унија, во која национлистите и популистите би имале „слобода да се однесуваат контра европските стандарди“. Како премиер се обидуваше да изгради и поголема блискост со путинова Русија.

Оставка мораше да поднесе по масовните протести во главниот град и низ земјата, поради бруталното убиство на новинарот – истражувач Јан Куцијак, во неговиот стан, при што беше убиени и неговата свршеница која во тој момент била во станот.

Демонстрациите избувнаа откако се разбра дека Куцијак, во времето кога беше ликвидиран од платени, професионални убијци, водел истрага за корупцијата во сите ешалони на власта и во словачката влада.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе