Поврзете се со нас

Skopje Global

Шангај: Жителите оставени во драконски локдаун

Жителите на Шангај – гневни и фрустрирани од најновите антиковид мерки и од воведениот тотален локдаун, не можејќи повеќе да издржат – врескаат од прозорците на своите станови во големите блоковите во градските квартови, каде се заробени и не ретко оставени без храна – откриваат австралиските медиуми.

Тие се повикуваат на, како што велат, страшните видео и тонски снимки од градот ставен во карантин од властите, што се повеќе се појавуваат на социјалните мрежи.

Најголемиот град во НР Кина е во драконски карантин од 5 април, откако дотогашните мерки на епидемиолозите и на градските и партиските власти, за елиминирање на обновената пандемија со коронавирусот, не дадоа резултат, а бројот на новозаразените од Омикрон варијантата продолжил да се зголемува.

Нема излегување и за купување храна

Ситуацијата околу локдаунот станала неиздржлива кога владата во Пекинг, која има објавено дека нема откажување од политиката за „Нула ковид заразени“, што инаку никој во светот не ја применува, да се примени Шангај, град од 25 милиони жители и тоа – по секоја цена.

Таквата сурова стратегија во борбата со пандемијата, значи целосен локдаун, што создава сериозни проблеми во снабдувањето на луѓето со храна. Тоа го има предизвикано силниот гнев жителите на овој огромен град, но и отворени судирања со здравствените работници, вклучени во спроведувањето на строгите мерки.

А, тие веќе им се преку глава на шангајци, затоа што се задолжени постојано да прават антиковид тестови, а при тоа не смеат да ги напуштаат своте станови – за било каква причина, дури и за купување храна.

На Твитер се имаат појавено клипови со сцени кои самите „заточеници“ ги снимаат едни со други, од блоковите во еден кварт во Шангај, на кој се гледаат и се слушаат врисоци и прискотници на станарите, додека стојат на прозорците од своите станови, откако цела една недела се во тотален карантин.

Тие луѓе не смеат да излезат од своите станови, дури ниту во ходниците, иако влезните врати од зградите се заклучени.

Врисоци и пискотници од прозорците

Австралиските медиуми кои пишуваат за случувањата во Шангај, велат дека со еден таков видео клип оди и превод на англиски јазик, на оној кој го има ставено на социјалната мрежа.

„Ова што го гледате е Шангај. Сите веќе врескаат, затоа што луѓето повеќе не можат да издржат да останат затворени и заклучени по своите домови“ – се вели во преводот на клипот на Твитер. Се зборува дека се забележува оти нешто се случува, но дека никој ништо не знае што е тоа. Како што не се знае ниту до кога ќе траат овие драконски, сурови мерки на карантин, каков што нема никаде во светот.

Кинеските власти ги имаат забрането излегувањето од дома, дури и за купување, наместо тоа се врши дистрибуција на храна по куќите на луѓето, колку што е тоа воопшто возможно во еден ваков град. Уште повеќе што и дистрибутивните служби се обврзани да ги почитуваат мерките на карантинот.

Меѓутоа, Кина продолжува тврдоглаво со својата политика – да нема ниту еден заразен од коронавирусот, што инаку тргна токму од таму – без разлика на цената што луѓето ќе треба да ја платат. Тоа таму е можно затоа што станува збор за едно тоталитарно општество и за еден авторитарен режим во кој лесно се газат основните човекови права.

Сурови методи

Целиот ваков, крајно суров систем на локдаун, се спроведува во време кога во град каков што е Шангај, во неделата (10 април) се регистрирани околу 25 илјади новозаразени – во еден ден.

Во исто време кога во една Германија, со своите над 200 илјади новозаразени регистрирани во само 24 часови,  или една Британија, каде секој 13 – ти жител во земјата е позитивен на вирусот, се укинуваат, или веќе се укинати сите епидемиолошки мерки.

Што се однесува до шангајските новозаразени – здравствените власти утврдиле дека дури 90 отсто од нив се – асимптоматичн случаи.

Наместо тоа, кинеските власти соопштуваат и тоа настојуваат да изгледа како пропагандна порака дека забрзано се набавуваат нови болнички кревети – како резерва – и се подигнати и уредени дополнителни мобилни болници и стационари за да ги примат заразените.

Секој што ќе се открие дека е позитивен, мора веднаш да биде изолиран, без разлика дали чувствува некакви симптоми, или не.

Разделување на децата и родителите

Луѓето, меѓутоа, реагираат сосема поинаку од она што го прави власта.

Тие признаваат дека повеќе не може да издржат – особено што не им се дозволува да излезат за да си купат храна и за да набават се она што им е потребно. Лутината се зголемила и затоа што здравствените власти (во некои делови од градот) почнале да ги убиваат и домашните миленичиња на луѓето, доколку ги откријат. Наводно, како мерка на претпазливост.

Најмногу, сепак, се гневни на одлуката на кинеските власти – да ги одземаат сите деца од нивните родители, доколку се покаже дека тие се инфицирани, а таткото и мајката не се заразени!

Нервозата, гневот или врисоците од станбените згради по населбите во Шангај, како и да е, остануваат без никаков одглас кај локалните власти, како и кај владата во Пекинг. Веќе беше соопштено дека (засега) нема да има олабавување на епидемиолошките мерки.

(Г.И.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе