Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Намалена способноста на Русија за отплаќање на долгот

Stan_pit/Depositphotos.com

Намалена способноста на Русија за отплаќање на долгот

Агенцијата за кредитен рејтинг S&P Global Ratings ја намали својата проценка за тоа колку Русија е способна да го отплати својот надворешен долг – она што го должи кон странство и кон странските кредитори.

Ваквата проценка означува дека многу брзо Русија ќе се соочи со суровата реалност дека нема да ги плаќа таквите заеми и кредити, што би бил прв таков случај по повеќе од 100 години, од времето пред и по болшевичката Октомвриска револуција.

Според новиот, намален рејтинг, способноста на Москва за враќање на долговите кои ги има направено, сега е на ниво на – селективно неизвршување на обврските. Таквата позиција е последица на објавата на Русија дека таа ќе ги плаќа странските обврзници во својата домашна валута – во рубли – кои минатата недела доспеаја за плаќање во долари.

Санкциите го обараат рејтингот

Едноставно, оваа агенција не верува дека Русија ќе може да ги претвори рублите во долари, во оставениот грејс период од 30 денови.

Во своето соопштение, оваа рејтинг – агенција проценува дека санкциите кон Москва, поради руската инвазија и агресија врз Украина, уште повеќе ќе се зголемуваат, па дека тие ќе ја оневозможат руската спремност, но и финансиска способност, да ги исполнат своите обврски кон сите во странство на кои Русија им должи.

Кремљ кој се наоѓа под жесток притисок на меѓународните санкции, сега настојува да им возврати на САД, ЕУ и на Западот, воопшто, со контра мерки.

Тоа е случај со нафтата и гасот околу тоа во која валута тие ќе се продаваат и наплатуваат (евра и долари, како што е договорено, или во рубли), но и за да и се покаже на домашната јавност дека земјата „не е ставена на колена“.

Истата „техника“ сега се употребува и околу плаќањето на долговите. Официјална Москва веќе има најавено дека е подготвена да си ги плаќа своите долгови, но дека сега тоа ќе го прави само во рубли.

Спасување на рубљата

Станува збор за една од уцените кои ги користи руската страна во сегашната ситуација, која инаку самата ја има предизвикано и создадено, инсистирајќи на плаќање во рубли, додека руските сметки во странските банки останат замрзнати.

А, замрзнати се за да се спречи финансирањето на војната што Русија ја поведе против Украина и Украинците, уште од 24 февруари. Но, инсистирањето на рубљата е и затоа што поради санкциите Русија брзо останува без „цврста“ валута.

Затоа, не сака да ги троши своите девизни резерви што се намалуваат со намемата испорака на енергенси на Западот, и во исто време настојува да ја спасува својата национална валута која е падната на најниско ниво. И, таа поради тешкиот товар на војната и на санкциите.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе