Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Макрон: Москва сака победа за 9 мај

gints.ivuskans/Depositphotos.com

Макрон: Москва сака победа за 9 мај

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Владимир Путин настојува да ги концентрира нападите на руската војска во сепаратистичкиот регион Донбас, во Источна Украина, настојувајќи на секој начин да извојува „победа“ за 9 Мај – што во Русија се слави како Ден на победата.

Во Русија тој ден се одбележува како државен празник – денот кога во 1945 година, нацистичка Германија капитулира во Втората светска војна пред здружените сили на сојузниците, па сосема е сигурно дека Путин ќе настојува празникот да го одбележи со „победа“ во Украина.

Особено што таквата „победа“ во сегашната освојувачка војна врз соседната земја, се вклопува во путиновата шема за (наводно) „нацистичката“ Украина, во која неговите војници треба да го поразат „нацизмот“ и да ја „одбранат“ татковината – Русија.

Русија одбива хуманитарни коридори

Во разговор за радио РТЛ, на три дена пред првиот изборен круг на француските претседателски избори, Макрон рекол дека француската и европската јавност треба да очекуваат да бидат сведоци на жестоки битки во реонот на Донбас, како и да видат тешки и мачни сцени во неделите до 9 мај.

Францускиот претседател објасни дека Париз, заедно со Грција и со Турција упорно настојува да организира хуманитарна операција во уништениот пристанишен град Мариупол, на Азовско Море кој е под руска опсада со недели, но дека операцијата не може да се изведе затоа што „Русија постојано тоа го одбива“.

Емануел Макрон кој како претседавач со ЕУ се зафати со тешката и неблагодарна работа – да преговара со Путин – веќе доживеа и да биде понижуван во време на неговата посета на Кремљ – со барање да се подложи на корона тест, а потоа да седи со рускиот претседател на оддалеченост од шест метри . И покрај тоа, тој не успева досега да обезбеди ниту мир, а ниту повлекување на руската армада од украинската територија – за да потоа се тргне кон барање потрајно решение.

Тешкиот цинизам на Путин

Сега, за прв пат открива, како течат неговите разговори со Путин, признавајќи дека тие се исполнети само со цинизам. Нешто што, инаку, и другите го имаат забележано кај лидерот на Русија.

Според Макрон, неблагодарен е дијалогот што го води со рускиот колега, поради неговиот постојан цинизам и неговото тврдо и категорично руско „њет“,  кога станува збор за предлозите за хуманитарните коридори во Мариупол – за извлекување на цивилите, на обични луѓе заробени во воените дејствија, меѓу кои се уште има и деца.

„Навистина сето тоа е неблагодарно. Минувам часови во разговор со него. Цинизмот е присутен во секој разговор, а тоа никогаш не е пријатно. Но, тоа е мојата должност“ – има речено францускиот претседател за парискиот весник „Паризиен“.

Макрон, за прв пат, признава дека и не очекува  некакво решение за руско – украинската војна пред средината на мај, сепак, инсистирајќи и натаму на потребата од одржување на дијалогот што би бил полезен за подготвување на теренот за „утрешниот мир“.

Всушност, кога станува збор за неуспехот со хуманитарните коридори во Мариупол, руската страна избира луѓе кои после тоа ги одведува во Русија.

Франција има предложено коридор со Меѓународниот Црвен крст, но и тоа Москва го има одбиено, што според Макрон ја прави Русија се повеќе меѓународно дипломатски изолирана.

Опсада на уништениот Мариупол

Изјавата на францускиот претседател доаѓа по руската реакција, која ја означи како „апсурдна“ изјавата на француската влада дека “нема руско одобрување за евакуација ба цивилите“ од овој источноукраински град.

Руското министерство за одбрана, тврди дека Русија е подготвена да обезбеди безбедна евакуација на цивилите. Но, на теренот тоа никако да се случи. Макрон сега  открива како навистина стојат работите.

Инвазионите сили на Русија и нејзините сепаратистички сојузници од Донабас, со недели го држат под опсада Мариупол, наидувајќи на жесток украински отпор.

Настојувањето на Макрон да одржува комуникација со Путин, се случува во (за него) најнеповолното време- во екот на кампањата за претседателските избори во Франција. Зафатен  со  војната на тлото на Европа , францускиот претседател, практично, ја има „забаталено“ кампањата , оставајќи им простор на своите домашни противници да атакуваат врз него и од десно и од лево.

Пред две недели Макрон имаше убедливо водство пред двајцата ултра десничари – обајцата русофили – кои имаат примено и пари од Москва за своите изборни капањи- во рамките на путиновата политка за разединување и разбивање на ЕУ. Макрон имаше предност пред ултра-десничарката Марин Ле Пен од 10 отсто, но сега таа разлика е сведена на два-три проценти.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе