Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Принцезата Шарлин ќе живее сама со децата?

Frankie Fouganthin, Charlene, Princess of Monaco-3, CC BY-SA 3.0

Принцезата Шарлин ќе живее сама со децата?

Принцезата од Монако, Шарлин, сопруга на принцот Алберт го известила сопругот дека не сака и понатаму да живее во кралската палата, туку дека ќе живее сама, со своите деца – близнаци Жак и Габриела – откриваат француските медиуми најавувајќи нова бура во разнишаниот брак на „најтажната европска принцеза“ и принцот познат по своето неверство.

Веста за тоа дека Шарлин се разделува од сопругот, но дека нема и формално да се разведе од него, доаѓа само неколку недели по нејзиното враќање од една психијатриска установа во Франција, каде таа престојуваше “на опоравување“ неколку месеци.

Никој точно не знае за што станува збор, кога е во прашање нејзиното здравје. Едни тврдат дека таа е навистина заболена и дека и бил потребен медицински третман, не откривајќи притоа за каква болест станува збор.

Други, меѓутоа, сметаат дека не станува збор за заболување, туку дека таа настојува да „побегне” од дома и од сопругот, кому не може да му ги прости сите неверства во бракот, што морала да ги прифаќа, а притоа да не може за нив и јавно да зборува и да го обвинува Алберт – суверен на кнежевството.

Во една прилика, Шарлин безмалку цела една година беше на „одмор“ во својата родна Јужна Африка. А, потоа, само што се врати, веднаш беше сместена во психијатриска установа. За нејзината состојба, јавноста повремено разбираше само од службените соопштенија на сопругот – принцот Алберт.

Медиумите кои се повикуваат на извори од кнежевската палата инсистираат дека Шарлин и Алберт не се разведуваат, затоа што тоа и обајцата не го сакаат и затоа што не им одговара.

Принцезата во случај на формален развод би го загубила старателството врз децата кои автоматски ќе бидат под надзор само на таткото – затоа што нивното прво дете е престолонаследник. Ниту принцот не сака да се разведе од сопругата за која, очигледно, ништо не чувствува, бидејќи со таквиот чекор целосно ќе го урне својот и онака комплетно разнишан углед во домашната и во европската јавност, најмногу затоа што го третираат како обичен „женкар“ кој постојано е во некоја вонбрачна врска.

Советниците во кнежевската палата Грималди, затоа, ја имаат одбрана опцијата за одвоен живот (со повремени среќавања, со децата), која како што тврдат медиумите, ја имаат и двајцата прифатено.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе