Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Руските напади врз цивили се воено злосторство“

Fotoreserg/Depositphotos.com

„Руските напади врз цивили се воено злосторство“

Директорката на Канцеларијта на ОН за човекови права, Мишел Башеле изјави дека „руските напади на населени места во Украина се крајно загрижувачки и тие боже да се третираат како воени злосторства.

Во својот најнов извештај за украинската ситуација таа има изразено загриженост за тоа што Русија и нејзините војници постојано користат „експлозивно вооружување со широк дострел и распрснување во населени места“ – поради што има толку многу и тешки разурнувања.

Според Башеле – проектилите, тешкото артилериско оружје што се користи во градовите и воздушните напади ги имаат предизвикано големите разурнувања и уништувањето на цивилните објекти.

Касетни бомби и уништени болници

Одделението на ОН за човекови права има добиено сигурни сознанија и податоци дека Русите, барем во 24 случаи, имаат користено и касетни бомби во украинските градови, што никако не може да се одобри или да се занемари при определувањето на степенот на агресивноста. Светската организација, во исто време, ги испитува и обвинувањата од теренот дека и украинската одбрана ги има користено овие бомби, во неколку случаи.

Она што, засега е верификувано, тоа се сознанијата дека во 77 случаи руските воени сили имаат нападнато и оштетено разни медицински и здравствени објекти, вклучувајќи и 50 болници. Десет од нив се целосно уништени, но според Башеле, вистинската бројка е „веројатно многу поголема“.

„Неселективните напади се забранети според меѓународните хуманитарни закони и тие може да се категоризираат како – воени злосторства“ – има речено Башеле, додавајќи дека масовното уништување нацивилни објекти, големиот број жртви меѓу цивилите, укажуваат дека недоволно се почитуваат фундаменталните принципи на разликување на целите и на пропорционалноста – при воениот одговор.

Вистинската бројка на жртвите – непозната

Колку што засега се знае, досега во Украина се загинати 1200 цивили и 98 деца.

Башеле, меѓутоа, стравува дека таа бројка не е конечна, како и дека бројот на убиените меѓу населението е многу поголем. Особено откако претставници на разни меѓународни хуманитарни организации предупредија на постоењето масовни гробници, за кои сега се настојува да се утврди каде тие може да се лоцираат.

Проблемите околу утврдување на вистинската бројка за бројот на жртвите кај населението е посебно тежок во местата каде се водат жестоки борби, како што е тоа случај во Мариупол, во источниот дел од Украина, веројатно, последното место што путиновите војници се уште го немаат целосно освоено.

Како што и самиот руски претседател има речено – градот ќе се бомбардира се додека Украинците не се предадат и тамошната одбрана не капитулира.

Најтешко за цивилите во Мариупол

Во ниту еден момент Путин нема изразено никаква грижа околу тоа дека таму се уште има цивили, заробени во градот кој е под руска опсада, кои може да бидат лесна жртва на офанзивата на неговите воени сили.

Мишел Башеле, пред преземањето на функцијата во Светската организација, во два мандата, беше претседателка на Република Чиле.

Таа е ќерка на еден од чилеанските генерали кои се спротивставија на воената хунта и на домашниот терор на Аугусто Пиноче, по пучот и соборувањето на Салвадор Аљенде, во првата половина на седумдесеттите години на 20 век. Таткото Башеле бил уапсен и со недели чуван во импровизираниот логор на стадионот „Национал“ во Сантјаго Чиле, пред да биде испратен во долго заточеништво.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе