Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Во локдаун во канцеларија и во теретана

RobertWay/Depositphotos.com

Во локдаун во канцеларија и во теретана

Кинеските власти го ставија во карантин целиот Шангај, град од 25 милиони жители, поради забрзаното ширење на коронавирусот.

Официјалните бројки на заразените се далеку под нивото на дневна заразеност која се регистрира во десетина држави од ЕУ – кои важат за најтешко погодени во овој пети бран на пандемијата – па затоа, одлуката да се стави во локдаун град кој е поголем од барем половината европски држави, изгледа тешко изводлива и практично незамислива операција.

Но тоа се спроведува, а здравствени експерти сметаат дека ваквиот карантин може да значи дека вистинскиот број на новозаразените од Омикрон варијантата на короната е многу повисок. Иако остриот локдаун властите го објаснуваат со кинеската стратегија за „нулта заразеност“ и за „целосно искоренување“ на вирусот, што инаку пред повеќе од две години, тргна токму од Кина, од градот Вухан.

Расте бројот на новозаразените

На почетокот од март, велат, дека во Шангај имало над 20 илјади новозаразени. Тоа е малку за град каков што е овој, но властите локдаунот го оправдуваат со податокот дека сега во четири недели, има повеќе заразени, отколку во претходните две години, од кога се појави пандемијата.

Луѓето, затоа, се затворени во своите станови. Нивните згради се оградени со високи монтажни огради, а специјални екипи од доброволци, во санитетски, лекарски скафандери, делат храна и следување за едно домаќинство за неколку денови.

Но, проблем настанал со луѓето кои во моментот на стапувањето во сила на локдаунот, биле во бројните теретани. Тие морале да останат таму и да не излегуваат, се додека не дојде нова наредба, или не се укине карантинот.

Друга категорија „заробеници“ се оние кои биле на своите работни места, во канцелариите на бројните компании. Тие мора да продолжат да живеат таму каде се нашле, што веднаш има предизвикано страв и паника кај луѓето – како ќе го издржат карантинот во канцелариите, во кои во исто време треба и да работат.

Меѓутоа, стравот се има развиено и поради острината на мерките и сомневањето дека ситуацијата е многу полоша од онаа која се прикажува.

Спиење на работните места

Третата категорија се оние на кои кинеските власти им имаат наредено да се вратат на своите работни места, ако претходно заминале по своите домови, за да работат додека трае локдаунот и да останат да преспиваат таму, за да не ги прекршуваат строгите мерки на карантинот и изолацијата.

Во оваа категорија се сите кои работат во разните финансиски институции и вработените на шангајската берза, за која е речено дека не смее да биде затворена ниту во еден момент.

Над 20 илјади финансиски службеници се повикани назад, на работа, на кои им е наредено целото време на локдаунот да го поминат – на работното место, во канцелариите. Некои компании, за овие луѓе им имаат разделено вреќи за спиење – за на подот.

Градот, инаку, е поделен по должината на течението на реката која го дели Шангај на два дела. Па, така едната половина од населението останува четири денови во тотален локдаун – дома, во канцеларија или таму каде се затекнале, а во следните четири денови во такви услови ќе живее другата половина од овој мега – град.

Прашања без одговори

Пред да почне карантинот, се создавале големи редови и турканици пред големите супермаркети, во кои луѓето купувале резерви од храна и потреби за домаќинствата.

„Деновите ни се исполнети со постојани, хаотични тестирања за коронавирусот, или со налудничаво купување на се и сешто преку интернет. Часовникот секој ден ме буди во шест часот наутро, за да почнам да нарачувам и купувам он – лајн она што треба за мене и семејството. Најчести да набавам свежа храна. Но, нарачките честопати се откажуваат – или ги нема производите што ги барате, или нема возачи за да ви се испорача она пто сте го купиле” – изјавил за американската ТВ мрежа Си – Ен – Ен еден жител на Шангај.

Луѓето постојано прашуваат – дали е можно да се изврши тестирање, анализа, а потоа да се изолираат луѓето, оние кои се заразени во град од 25 милиони население, во само неколку денови, за да потоа, градот одново се отвори, како ништо претходно да немало.

Но, сите признаваат дека никој и од никаде не дава одговор. Како што нема вистински одговор и за тоа што, навистина, се случува.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе