Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Брус Вилис се повлекува поради болест

Gage Skidmore from Peoria, AZ, United States of America, Bruce Willis (41849451380), CC BY-SA 2.0

Брус Вилис се повлекува поради болест

Американската филмска ѕвезда Брус Вилис се повлекува од филмот и од глумењето – поради болест. Кај него е дијагностицирана болеста афазија која предизвикува губење на способноста да зборува и да пишува.

Во соопштението на Инстаграм, дадено од неговото семејство, се вели дека кај 67 годишниот Вилс неодамна била откриена болеста афазија, што веќе сега влијае врз неговите когнитивни способности. Поради ваквата состојба, Брус и неговите најблиски имаат одлучено тој да ја напушти својата долга кариера – на телевизијата и на филмот.

Изјавата на семејството, на социјалната мрежа ја имаат потпишано сопругата Ема Хеминг – Вилис, неговите пет деца (сите ќерки), како и поранешната сопруга Деми Мур.

За болеста се знае дека обично предизвикува оштетување на мозокот – на неговата лева страна – како мозочниот удар.

Проблемите со зборувањето се најчести, при што заболениот не може коректно да ги реди зборовите при зборувањето. Заболениот од афазија не може да чита, да слуша, да зборува, да пишува, или да чука на тастатура (на компјутер на пример).

Својата кариера Брус Вилис ја има започнато во почетокот на осумдесеттите години на 20 век, но познато лице и име стана десетина година подоцна, како партнер на актерката Сибил Шепард во ТВ серијата „Moonlighting”. Филмска слава и вистинска ѕвезда стана со серијата филмови (вкупно четири) „Умри машки“ во кои ја игра главната улога на полицаецот Џон Меклејн.

Познати се и неговите улоги во „Шестото сетило“, па во „Армагедон“ и „Pulp Fiction” кои сите заедно, според холивудскиот весник „Варајети“ имаат заработено околу пет милијарди долари.

Вилис пет пати е номиниран за наградата „Златен Глобус“ – има добиено еден за ТВ серијата “Moonlighting” – а три пати за наградата Еми – што ја има добиено само еднаш. Има настапувано и во низа други филмови, како акционен херој, а се појавуваше – како гостин – и во мошне популарната телевизиска серија “Пријатели“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе