Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

„Бомбардирање со руска пропаганда“

photomaru/Depositphotos.com

„Бомбардирање со руска пропаганда“

Руски граѓани кои се побегнати од Русија по инвазијата врз Украина што ја нареди Москва и сега се привремено населени во Белград, во Србија, според сопственото признание, одново се соочуваат  со „продолжената рака на руската пропаганда“.

Луѓето кои меѓудругото  се побегнати и затоа што слободата на говорот во нивна Русија е сериозно загрозен, затоа што луѓето се апсат и затвораат доколку се осмелат да ја осудат војната, која пак ја разорува домашната економија, се жалат дека  во новата средина, во Србија , се соочени со една- за нив апсурдната ситуација. Војната што без повод ја покрена Кремљ – во српската јавност ужива голема поддршка.

Поддршка за путиновата војна

Една Русинка, туристички работник, која сега живее во Белград, во изјава што ја пренесува хрватската агенција ХИНА има речено дека често добива поддршка од белграѓани, кога ќе разберат дека таа е дојдена од Русија.

Но, веднаш потоа се открива дека таа поддршка се однесува за Путин и за тоа што тој го прави во Украина. “А, станува збор за поддршка за неговата војна“ – има речено оваа соговорничка.

Русите – бегалци признаваат дека ја имаат избрано Србија, во првите недели по инвазијата, поради можноста со авион да излезат од Русија, која се најде под силно ембарго од цела Европа (освен Србија и Турција), несметајќи ја Белорусија. Сите имаат избегано поради – како што велат – катастрофалната ситуација во земјата, што е директна последица на инвазијата и војната.

Бегајќи од таквата воена атмосфера и од блокадата на вистината и на информациите за тоа што навистина се случува во соседството, во за нив „братска Украина“, овие луѓе и во Белград се соочени со „руска пропаганда“.

Белграѓани веруваат во лаги

И во Белград се брани инвазијата, се измислуваат грозни приказни дека Украинците се виновни и дека самите си ги уништуваат своите градови (!?). Така, многу често, пишуваат српските провладини медиуми кои војуваат со Западот, со ЕУ и со НАТО, како да се руски медиуми, а во основа тие безмилосно војуваат со Украина.

Илјади демонстранти излегоа на улиците на главниот град на Србија за да му изразат поддршка на Путин и за да го осудуваат НАТО, а сето тоа во услови кога српската влада одбива да воведе санкции против Русија.

Побегнатите Руси, на тој начин (велат) често се наоѓаат во ситуација – кога ќе се најдат во разговор со Србите кои ги бранат Русија и Путин – да бидат гневни, да се исполнети со очај за тоа каде се дојдени и да се срамуваат за тоа во каква ситуација се наоѓаат.

„Несватливо е за мене дека белграѓанин кој го брани Путин, навистина верува во дека сликите за целосно уништени украински градови и за илјади мртви лица – се лажни, па почнувам да се откажувам со било кого овде да разговарам за војната и за ужасите во Украина“ – вели Русинката Марина.

Нема враќање назад?

Никој точно не знае колку Руси има во Белград, каде може – без виза – да останат 30 денови. Но, ако се суди по социјалните мрежи, излегува дека ги има неколку стотици.

Овие луѓе, според хрватскиот медиум, не знаат што ќе прават понатаму. За нив заминувањето од сопствената држава и тоа на брзина, бил голем предизвик, а некои признаваат дека имале проблеми со најблиските, дома.

Еден градежен инженер признал дека се разделил со својот татко, во налутена атмосфера, откако тој го обвинил синот дека не е патриот, затоа што во овој момент бега од Русија. Но, синот вели дека се одлучил на бегство, затоа што знае дека сите даноци што би ги плаќал во Русија, би биле насочени за потребите за финансирање на војната. А, тој е против.

Дел од Русите, пребегани во Белград сметаат дека можеби и ќе се вратат дома – по извесно време. Други, меѓутоа, имаат речено дека нема враќање – барем додека е Путин на власт.

Овие признаваат дека нема што и натаму да бараат во Русија, каде е задушена демократијата, каде нема опозиција, во очекување – како што велат – Путин одново да подигне „Железна завеса“ и да ја изолира земјата од поголемиот дел од светот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе