Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

„Руски свет“ на Балканот значи „Српски свет“

AleksTaurus/Depositphotos.com

„Руски свет“ на Балканот значи „Српски свет“

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ вели дека „низ историјата на Балканот никогаш не било проблем да се најде повод за нова војна“, па дека тоа и сега може да се направи, во ова време кога се случуваат стравотиите во Украина.

Покрај нерешените прашања од времето на распадот на поранешна Југославија, според Ѓукановиќ, како погодно тло за деструкција и за создавање заканувачка криза и состојба, предизвикува и застојот во европската интеграција.

Меѓутоа, кога станува збор за Црна Гора, тој инсистира дека земјата, изминатите пет – шест години е притисната од големосрпската и руската деструкција што и ја имаат создадено политичката криза за која, вели, не се знае кога и како ќе заврши.

„Црна Гора како Украина во мало“

Ѓукановиќ, затоа, е уверен дека она што во Русија (од Владимнир Путин се означува како “руски свет“ во кој Москва ги внесува сите екс советски републики, но и некои од некогашните источноевропски сателити), кога станува збор за Балканот, таквата идеологија се квалификува како “српски свет“, а во него – Црна Гора се сместува како негов природен дел.

Според црногорскиот претседател, обидот за државен удар во Црна Гора (октомври 2016 година) бил само навестување за она што сега и се случува на Украина. Преку украинската војна Русија, всушност, ги компонира рускиот свет и неговата целовитост, составени од Руси, Белоруси, малоруси, при што рускиот воен поход на Украина треба да биде промотор на империјалните амбиции на Русија.

Во балканските услови, Ѓукановиќ ја истакнува вината на Српската црква (СПЦ) за која тврди дека ги пореметува состојбите во Црна Гора, но и во поширокиот регион. Во оваа прилика, црногорскиот шеф на државата, се повикува на последната изјава на тамошниот митрополит на СПЦ. Српскиот црковен функционер, прво, забележува дека – „настаните во Украина се резултат на безбожништвото, под влијание од Западот“, но потоа порачува дека – „Црна Гора е проектирана за да биде мала Украина“!

Деструктивна улога на СПЦ

Во секој случај, српската црква, целосно и доследно ја следи руската – (РПЦ) која ја подржува инвазијата врз украинската територија, па српските попови на интернет силно го подржуваат и го поздравуваат чеченскиот претседател Кадиров, затоа што во украинската војна испрати Чеченци за да се борат против Украинците во реонот на Киев.

Во исто време, проруските елементи во Србија, во Република Српска и во Црна Гора се собираат на митинзи и манифестации за поддршка на Путин, славејќи ги „успесите“ на руската армија „ – вели црногорскиот претседател.

Ѓукановиќ потсетува дека медиумската инфраструктура, со огромна финансиска поддршка за таквото дејствување веќе од поодамна е инсталирана. Центрите се наоѓаат во Белград и во Бања Лука, од каде дејствуваат врз Црна Гора и врз регионот.

Во разговорот за „Катимерини“ тој направил и споредба меѓу власта и однесувањето на Слободан Милошевиќ, со кого се познавал и со кого има работено, наспроти сегашниот режим на Владимир Путин.

Идеологија на култ на водач

Притоа, рекол дека постојат сличности кога станува збор за војувањето, како и за она што се случуваше на југословенската територија, со испраќањето тенкови на Вуковар и на Сараево, што сега и се случува на Украина – во Харков, Киев или Мариупул.

Што се однесува, пак, до водењето на државите (пред 30 години на мала ЈУ, па на Србија), а во денешно време на Русија, Ѓукановиќ смета дека „култот на водач (кај Путин) е истиот оној во кој уживаше Милошевиќ.

„Во целата оваа ситуација занимливо е да се најде одговор на прашањето – како една Русија, после три децении од југословенската драма, влезе во ова сега (украинската инвазија) според истиот концепт на балканските великодржавни проекти од деведесеттите години на 20 век. И, при тоа да нема ништо научено од туѓите грешки” – рекол во разговорот за грчкиот весник претседателот на Црна Гора.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Западен Балкан

Горе