Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Протест против војната во „Времја“

Первый канал

Протест против војната во „Времја“

На руската државна телевизија, во понеделникот вечерта, во текот на централната информативна емисија – вести – „Времја“ – се случи протест против војната и инвазијата на руската армија врз Украина.

Зад грбот на водителката на вестите, млада девојка влезе во кадарот со табла во рацете на која на англиски јазик беше напишано – „Не на војната. Запрете ги војниците“, а под него на руски – „Не и верувајте на пропагандата. Овде ве лажат“!

Случај без преседан

Станува збор за случај без преседан во руската и во советската пракса, во годините на советскиот комунизам, каде сите вести и информациите секогаш строго се проверуваат, а пристапот до ТВ студијата е максимално обезбедуван. Но, овој случај, што го одбележуваат и руските медиуми и за кој како доказ постојат бројни фотографии, покажува дека никогаш досега во Русија (и во времето на СССР) отпорот и спротивставувањето кон една руска воена инвазија врз друга земја – не бил волку голем и силен.

Храбрата млада жена е Марина Овсијаникова која работела во телевизијата и во програмата „Времја“, како еден од уредниците.

Емисијата Вести на првиот канал на државата телевизија е под строг надзор на Кремљ. И, во „нормални“ прилики каналот е строго контролиран, кога станува збор за односот кон власта и околу изнесувањето на вистинската слика за Русија.

Сега, меѓутоа, по започнатата агресија на Русија врз соседна Украина сите вести и информации за состојбата на фронтот и за руската инвазија се под остра цензура и силна контрола на се она што се емитува за и околу украинската војна.

Порака за руската јавност

Сето она што и се пласира на руската јавност мора да биде само руската верзија за војната и за случувањата на боиштата. Во такви услови, јасно дека нема ништо за  злосторствата на  руската армија и за тешките разурнувања, како и за освојувањето на туѓа територија. Не само што нема слика и извештаи  за она што навистина се случува, туку за руските гледачи не се употребува ниту зборот -војна.

Уредничката на „Времја“ веднаш потоа е одведена од полицијата и ставена во притвор. Била испитувана цели 14 часови.

Инаку, освен таблата со која има влезено во кадарот додека се емитувале вестите, се слуша и нејзиниот глас во директно емитуваната програма, па руските гледачи не само што можеле да ја видат протестната порака, туку и да го слушнат коментарот на  новинарката.

Иако тоа траело кратко време, пред програмскиот директор да го прекине емитувањето на вестите, пуштајќи снимен и прочистен филмски материјал.

„Се срамам што станав Зомби“

Пред протестот, Овсијаникова има снимено и оставено видео на кое случувањата врзани за војната во Украина ги оквалификува како „криминал“ и како „воено злосторство“, изјавувајќи дека се срамува што работи за – како што има речено – пропагандата на Кремљ.

„Се срамам што дозволив да им прикажувам лаги на луѓето на телевизиските екрани. Се срамам што дозволив да ме претворат во Зомби“ – има речено во видеото оваа уредничка на „Времја“, повикувајќи ги притоа луѓето да протестираат против војната за да се – „запре ова лудило“. Па, не можат сите да не стават во затвор- рекла Овсијаникова

Состојбата во медиумската сфера во Русија која и пред војната беше исклучително тешка, сега, со воведената  цензура и со новите сурови законски мерки кои ги применува службата Роскомандор, е максимално влошена.

Весникот  „Новаја Газета“ , на пример, кој ја пренесува веста за инцидентот во „Времја“, не може да го цитира она што, инаку, гледачите го имаат видено и слушнато. Од сликата што го обиколи светот , од протесниот плакат е тргнат текстот!? Од страв  дека уредниците ќе завршат во затвор.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе