Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Воените игри” им наштетија на олигарсите

Stan_pit/Depositphotos.com

„Воените игри” им наштетија на олигарсите

Долгата криза на украинско – руската граница, што ја предизвика Москва со натрупувањето војска и вооружување, заканувајќи се со инвазија врз Украина, како и „воените игри“ што Русија ги спроведува, прикажувајќи ги како „воени вежби“ на копно и на море, предизвика драстичен пад на руската берза.

Тој пад ги има погодено руските олигарси за кои се тврди дека во оваа хаварија имаат загубено над 28 милијарди евра. Меѓу нив се наоѓаат и некои од најблиските милијардери на претседателот Владимир Путин.

Падот на берзата се има случено во јануари.

Пад на Московската берза

Во времето кога разговорите на Москва и на НАТО западнаа во безизлезност, откако руската страна побара од Алијансата да се повлече (!?) на границата која постоеше во време на поделена Европа и на Студената војна, за да Москва се чувствувала безбедно. Другата страна, на тоа, студено одговори дека таквото барање е речиси невозможно. НАТО никому (и на Истокот и на Западот) не може да му забрани да побара членство во Алијансата, вклучувајќи ја и Украина.

Податоците покажуваат дека индексот на Московската берза на 13 јануари бележел пад од два отсто, но пет денови подоцна падот достигнал 6.5 отсто. Последен пат тоа се случило на почетокот од 2020 година, на стартот од глобалната пандемија со коронавирусот.

На 24 јануари, во екот на силните тензии на границите меѓу Русија и Украина и заканата од војна на Истокот од континентот, берзанскиот индекс има покажано намалување од шест отсто, останувајќи на тој начин, на нивото од пред повеќе од две години.

Најбогатите – најпогодени

Според списанието „Форбс“ – најтешко погодени од падот на берзата биле најбогатите Руси чии сметки, само во периодот од пет јануарски денови – биле намалени за безмалку 28 милијарди долари.

Еден од најтешко погодените олигарси е Генадиј Тимченко, сопственик на „Волга Груп“ – инвестициска компанија вклучена во вложувања во енергијата, транспортот и инфраструктурата.

Компанијата од 2014 година е под меѓународни санкции по анексијата на Крим. Тимченко е олигарх кој е мошне близок до рускиот претседател, па е почесен конзул на Република Србија во Санкт Петерсбург. Проценка е дека само во пет денови има загубено две милијарди долари.

Повеќе од него има загубено Леонид Михелсон, претседател и главен акционер на нафтената компанија „Наватек“ и олигарх кој е исто така во кругот на најблиските со Кремљ. Тој е еден од главните спонзори Фудбалскиот сојуз на Русија. Под санкции се наоѓа од 2017 година.

Загубена петина од богатството

Сериозни загуби имаат забележано и сопственикот на рускиот ИТ гигант „Јандекс“, Аркадиј Волож, за кого се вели дека има загубено 26 отсто од своето богатство, како и Олег Тинков, сопственик на цел синџир продавници за апарати за домаќинството, на фабрика за смрзната храна, на неколку пиварници и на низа луксузни ресторани. Поседува и своја банка, а од падот на Московската берза има загубено една петина од својот вкупен капитал.

Меѓу тешко погодените се и Сулејман Керимов, познат во руската јавност како „кралот на златото“, но меѓу најтешко погодените се смета дека е Денис Свердлов. Овој милијардер кој се има збогатено во индустријата на електрични автомобили, од силниот пад на берзата во Русија останал без половината од богатството.

Списанието „Форбс“ во својата анализа, сепак, смета дека силниот пад и загубата на олигархот Свердлов не се резултат на гео – политичките случувања, туку дека станува збор за состојба која е присутна уште од март 2021 година. Од тогаш опаѓа вредноста на акциите на неговата компанија – затоа што пад бележи продажбата на овие возила во Русија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе