Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Го оставила сопругот зашто се вакцинирал

1News

Го оставила сопругот зашто се вакцинирал

Една жена од Нов Зеланд изјавила дека го оставила сопругот кога дознала дека примил вакцина против коронавирусот – уште примил и трета, т.н. бустер доза.

„Не сакам повеќе ништо да имам со него. За мене, од сега па натаму, тој не постои. Готово е со него“ – изјавила жената која во разговор за една локална ТВ станица признала дека „сериозно верува оти тој (набрзо) ќе почине“ – од примената вакцина!?

Таа е една од неколкуте илјади демонстранти, собрани на протестот во Велингтон, главниот град на Нов Зеланд, против острите анти – ковид мерки што ги воведе владата на оваа далечна островска земја. Гневните антиваксери и разни анархистички и десничарски групи и движења кои редовно се приклучуваат на ваквите протести – ги блокирале сите улици околу зградата на Парламентот, со своите возила, со камиони и моторцикли.

Локалните медиуми тврдат дека на демонстрациите се нашле и луѓе од другите делови на земјата, па дури и од оддалечениот Окланд, најголемиот новозеландски град, што е сместен на другиот крај од државата.

Сите бараат – како што велат – „враќање на слободата и на човековите права“ што, наводно, им се одземени со владината одлука за задолжителна вакцинација. Дел од демонстрантите почнале да подигаат шатори на зелените површни пред Парламентот, заканувајќи се дека ќе останат таму се додека не ја натераат премиерката Јасинда Ардерн да се откаже од мерките.

Станува збор за протест – копија на десетдневното дивеење на камионџиите од Канада кои во главниот град Отава, ги блокираа сите улици во центарот, по одлуката за задолжително вакцинирање. Демонстрантите во Нов Зеланд, пак, тврдат дека владата со одлуката им го ограничило правото на слободен избор – кога станува збор за вакцинирањето.

Ардерн и нејзината влада се определија на еден ваков чекор откако пандемијата со короната зеде најсилен замав досега. Дневно во земјата се регистрираат по 500 новозаразени. Тоа е далеку помалку отколку во Европа, на пример, но новозеландските епидемиолози велат дека станува збор за рекордни бројки, какви немало никогаш досега.

(Г.И.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе