Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Макрон одбил ковид тест во Москва

Kremlin.ru, Emmanuel Macron and Vladimir Putin (2019-12-09) 02, CC BY 4.0

Макрон одбил ковид тест во Москва

Францускиот претседател беше во Москва, во обид со рускиот претседател да најде некакво дипломатско решение за опасната криза на украинско – руската граница и отворената закана од руска инвазија врз Украина.

Како стојат работите, изгледа, ништо конкретно не било постигнато. Ниту Емануел Макрон има добиено цврсти гаранции од Владимир Путин дека украинската територија нема да се освојува, ниту домаќинот на разговорите има добиено согласност од гостинот дека ќе им се удоволи на неговите барања – Европа, практично, одново да се соочи со поставување Железна завеса, што може да произлезе од путиновите „безбедносни барања“.

Двајцата претседатели разговарале пет часови, но она што сега предизвикува најмногу коментари е како изгледале разговорите во Кремљ.

Сликата од пет метри долгата маса на која на едната страна седи Путин, а на другата Макрон, можеби и најдобро покажува во каква атмосфера се одвиваше дијалогот што требаше да обезбеди мир на Истокот од Европа.

Непристојно барање

Со извесна задршка и двете страни ја објаснија сликата каква – велат – досега немало во билатералната комуникација меѓу две земји, кои постојано настојуваат да ја уверат меѓународната јавност дека нивните меѓусебни односи (секогаш) се малку поблиски од оние на Западот, во целина, со официјална Москва.

Француски дипломати откриваат дека Макрон одбил врз него Русите да направат ковид тест.

Оценето е дека тоа бара посебен здравствен протокол, што за француската страна било неприфатливо, уште повеќе што се смета како непристојно да се бара од претседателот на Франција кој е сосема здрав. Истиот неидентификуван дипломатски извор објаснил дека Макрон не сакал да му се прави тест во Москва, стравувајќи дека руската страна, на тој начин, ќе дојдат до неговиот ДНК.

Кога Французите ги одбиле ваквите руски барања, немало ракување на двајцата претседатели, а за разговор била користена маса, невообичаена за вакви средби – лице во лице – на која соговорниците седат на нејзините краеви – почитувајќи го протоколот за социјално дистанцирање.

Затоа, сега се извлекува заклучокот дека ваквиот протокол имало за цел да им се испрати дипломатска порака – до Франција, до ЕУ и НАТО и до целиот Запад.

„Копање“ по ДНК на Макрон

Извори во Париз имаат речено дека на Макрон, всушност, му било оставено да се определи меѓу руски ковид тест, или правилото за стриктно социјално дистанцирање.

„Знаевме како тоа ќе изгледа (и како ќе се коментира), но не можевме да прифатиме да се прави тест, да се „копа“ по неговиот ДНК, што конечно, е неприфатливо и не е во ред да се бара од еден претседател“ – имаат речено овие извори.

Кремљ потврди дека француската страна го одбила тестот.

Портпаролот на Кремљ рекол дека руската страна “ја има примено со разбирање“ таквата одлука на францускиот претседател, инсистирајќи дека сето тоа, сепак, не се одразило врз текот и тонот на разговорите. Во Москва уверуваат дека целата таа работа околу тестот била неопходна, затоа што се водело максимална грижа Путин да остане здрав и неинфициран со коронавирусот.

Макрон, меѓутоа, во рускиот главен град не допатува ниту болен, а нити инфициран. Веќе имал извршено ПЦР тест во Париз, пред да тргне на пат, а неговите лекари кои биле со него, му направиле антиген тест и во Москва, веднаш по пристигнувањето.

Привилегиран протокол за Токајев

Во ситуацијата кога светските медиуми почнаа повеќе да се занимаваат за исгледот на разговорите Путин – Макрон, отколку за нивната суштина, руската страна побрза да објави фотографија и од средбата на Виктор Орбан со Путин, одржана пред да допатува францускиот претседател. На неа се гледа како рускиот претседател му наздравува на Унгарецот oд оддалеченост од најмалку четири метри.

Нема слика за тоа како изгледале разговорите меѓу овие двајца, со оглед дека Орбан е многу поомилен кај Путин и поблизок со рускиот претседател од било кој друг европски политичар.

Три денови по заминувањето на Макрон, во Кремљ престојуваше претседателот на Казахстан Касим Џомарт Токајев кој се сретнал и разговарал со Путин.

Токму Русија ја спаси оваа поранешна советска република, сега руски сосед, од „шарена револуција“ во казахстански стил – како што тоа го објасни рускиот претседател, откако Токајев не само што не беше соборен, туку и ја заврсна својата позиција.

Веројатно и затоа, за Кремљ и за Путин казахстанскиот претседател е – и сосема здрав и подобен да седи до претседателот на Русија – без никакво посебно социјално дистанцирање – како што се гледа од службената фотографија. На едно мало масиче за кафе, оддалечени еден од друг на околу еден метар.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе