Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Одбранбен пакт меѓу Словачка и САД

adameq2/Depositphotos.com

Одбранбен пакт меѓу Словачка и САД

Парламентот на Словачка го одобри воениот, одбранбен пакт со САД. Договор за пактот беше потпишан на 3 февруари во Вашингтон.

Според неговите одредби, американската армија ќе може да користи две словачки воени бази, во период од десет години. Словачка, која е членка на НАТО, ќе добие (од Американците) сто милиони долари, за темелна адаптација на базите.

Склучувањето на ваквиот договор, доаѓа во време на силни тензии меѓу Западот и Русија, како и меѓу НАТО и ЕУ со Москва, поради силно нараснатата криза на украинско – руската граница, откако Русија на границите со Украина има префрлено околу 120 илјади војници и бројна и силна воена техника и разни орудија.

Словачка се граничи со Украина.

За словачкиот премиер Едуард Хегер, пактот на неговата земја со САД претставува важен момент, затоа што со него се зајакнува словачката одбрана.

Домашната опозиција, пак, од почетокот се спротивставуваше на пактот и настојуваше договорот за него да не помине при парламентарното гласање. Одбранбениот договор со Америка, успеа да ја обедини, инаку, расцепканата опозиција, па при гласањето на една страна се најдоа сите популистички партии – како националистичката крајна десница, така и левичарите.

Тие сметаат дека направениот пакт „овозможува уривање на словачкиот суверенитет“ и „отвора пат“ за трајно стационирање на американската војска во земјата. Опозиционерите уште тврдат дека со еден ваков договор, САД би можеле на територијата на Словачка да префрли и нуклеарно оружје. Но, таквите обвинувања – и во Братислава и во Вашингтон беа отфрлени и оценети како невистинити и неточни.

Ваков договор, САД веќе имаат со 23 од вкупно 30 земји – членки на НАТО. Меѓу земјите кои имаат воен, одбранбен пакт со Америка, се и Полска и Унгарија кои, исто така, се граничат со загрозената Украина.

И покрај одобрениот договор во Парламентот, секое евентуално префрлање на американски војници на словачка територија, треба да биде одобрено од владата во Братислава и потврдено од Парламентот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе