Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Вакцина против дебелење во Британија

plaquon/Depositphotos.com

Вакцина против дебелење во Британија

Возрасните кои се мачат со вишокот килограми наскоро – во неделни дози – ќе може да примаат инјекција – вакцина со чија помош ќе може да “стопат” дел од нездравите маснотии во своето тело.

Со третман со “Semaglutide”, што има комерцијално име “Wegovy” – се верува дека луѓето ќе се чувствуваат сити и ќе јадат помалку.

На пациентите што учествувале во испитувањата на лекот, кои притоа, паралелно, имале здрава исхрана и постојано вежбале, “Wegovy” им има помогнато да изгубат една десетина од телесната тежина, или во просек – околу 13 килограми.

Вакцина на рецепт

Британскиот Национален институт за здравје и нега, веќе има препорачано овој третман да биде достапен ” на рецепт” – преку државното здравство (НХС).

Лекот “Wegovy” има добиено официјално одобрение од британската агенција за лекови (NICE). Во упатството се вели дека за користењето на лекот е потребен рецепт од лекар специјалист. Наменет е за возрасни лица кои имаат барем една здравствена состојба што се поврзува со нивната зголемена тежина – како, на пример, висок крвен притисок, или некое срцево заболување.

Препорачано е лекот да се користи најдолго во период од две години.

Предвидено е гојазните самите да си го инјектираат, преку една направа што личи на пенкало. Матичните лекари ќе им го препорачуваат на пациентите кои не успеваат да ја намалат својата зголемена тежина на вообичаениот начин – со здрава исхрана и со физичка активност.

Се смета дека во Британија од гојазност и од „вишок килограми“ страда дури 25 отсто од возрасното население. Тоа значи дека еден од четири – дебели – возрасни лица, се соочени со ризикот да добијат и некое друго сериозно заболувања.

Што со анти – ваксерите

Само во периодот меѓу 2017 – 2018 година, преку 11.000 лица биле примени на болничко лекување (само во Англија) како директна последица на дебелината.

Останува сега да се види дали овој лек, со третман на вакцина, ќе биде прифатен и од анти – ваксерите кои се покажаа толку многу егоистични и тврдоглави, спротивставувајќи се на вакцините и на вакцинацијата против коронавирусот.

Прашање е дали и таквите во Англија и Британија ќе се наредат пред матичните лекари барајќи рецепт, за вакцината против дебелење, или доследни на своите „принципи“ ќе останат анти – ваксери и покрај својот вишок од килограми и дебелината која им го загрозува вкупното здравје.

Постои сомнеж дека дебелите анти – ваксери и оние кои сакаат да си ја средат својата телесна тежина – побрзо и без премногу „измачување“ со специјалната исхрана и со бројни вежби, одново ќе шират приказни. А, тие се однесуваа за наводно „опасните“ вакцини, за „заговорот“ на фармацевтските компании и за „чиповите“ во вакцините со кои се загрозуваат човековите слободи!

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе