Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Близу половината Новозеланѓани сакаат монархија

lucidwaters/Depositphotos.com

Близу половината Новозеланѓани сакаат монархија

Близу половината од луѓето во Нов Зеланд сакаат нивната земја и натаму да остане монархија – и после смртта на сегашната британска кралица Елизабета Втора.

Според најновото истражување на тамошната Newshub – Reid прифаќаат монархија и откако сегашниот престолонаследник, принцот Чарлс ќе стане крал, а неговата сопруга Камила – кралица. Истиот процент Новозеланѓани се изјасниле дека сакаат земјата да остане и понатаму член на британскиот Комонвелт.

Нов Зеланд (заедно со 15 други земји, меѓу кои се и Канада и Австралија) имаат статус на држави – доминиони, што значи дека британската кралица е и нивни монарх – суверен. Затоа, во главниот новозеландски град Велингтон, со 21 почесни топовски истрели беше одбележана 70 годишнината откако кралицата Елизабета е на британскиот престол.

Напредок и благосостојба

Во анкетата што е правена по тој повод и по соопштението дека сопругата на Чарлс ќе ја носи титулата кралица – консорт (сопруга на кралот), мнозинството сметаа дека Нов Зеланд сите овие години имал само полза од статусот што го имаше и што се уште го има – како земја монархија под британската круна.

Тоа е времето во кое земјата има остварен крупен напредок во демократскиот, но и во економско – политичкиот живот. Изградувајќи општество што е мошне блиску до она во Британија, па дури и надминувајќи го во социјалната сфера.

Мнозинството од луѓето се согласуваат дека кралицата Елизабета, со нејзиното “мудро и достоинствено “ водење на монархијата, иако без да има власт, има одиграно улога и за изгледот на Нов Зеланд, таков каков што е сега. Прифаќајќи дека остатокот од нејзиното семејство не е како неа, но и тоа дека „таков е животот“.

Над 48 отсто од луѓето се против тоа нивната земја да стане република (како што тоа, во декември 2021 година стана Барбадос, откажувајќи се од британската круна). Други 15,5 отсто се уште се немаат определени по ова прашање, а 36,4 отсто сметаат дека е време за разделба со монархијата.

Само партијата на Маорите – домородното население во Нов Зеланд – со посебно соопштението се определиле за тоа земјата да стане република.

„Републиката не е најважното прашање“

Меѓу анкетираните има и такви кои изјавиле дека би се согласиле за продолжување со монархиското уредување на државата, доколку идна кралица беше (починатата) принцеза Дијана, но сега имаат дилема, затоа што не прифаќаат таа титула да ја носи Камила, сегашната сопруга на идниот крал Чарлс, која на тој начин би била и нивна кралица.

Новозеландската премиерка Јасинда Ардерн, која инаку е републиканец по своето политичко убедување, изјавила дека не е воопшто изненадена од ваквиот резултат на анкетата.

„Можеби, во годините на живеењето на нашата генерација, ќе видиме промена,  но сега тоа прашање (монархија/република) не го гледам како најважното за Новозеланѓани” – има речено Ардерн.

За „развод“ од монархијата ќе треба да се организира референдум. Во овој момент ниту една партија не го покренува тоа прашање, ниту се интересира за иницирање на едно такво изјаснување.

(Г.И.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе