Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Оставка на претседателот на Си-Ен-Ен

Jean_Nelson

Оставка на претседателот на Си-Ен-Ен

Претседателот на компанијата Си – Ен – Ен Ворлдвајд (CNN/Worldwide) Џеф Закер соопшти дека поднесува оставка на својата функција на која се наоѓа повеќе од девет години. Причина за оставката – која ги изненади сите вработени во компанијата – е сокриената љубовна врска со една од неговите најблиски соработнички.

Во оставката Закер рекол дека во текот на една внатрешна истрага (анкета) што била спроведена во компанијата, тој не кажал дека е во врска со вработена во Си – Ен – Ен.

Нејзиното име не го споменува, освен што признал дека – иако со неа заедно работеле над 20 години, последните години нивниот службен однос „еволуирал во нешто друго“. Притоа открил дека тоа се случило во време на избувнувањето на пандемијата со коронавирусот.

Случајот на Крис Куомо

Според вестите на Си – Ен – Ен, истрагата – анкетирањето направено со сите вработени била спроведена по повод случајот со нивниот водечки водител Крис Куомо, кој прво беше суспендиран, а потоа и исклучен од работа. Затоа што се откри дека “се мешал во истрагата“ околу обвинувањата против (сега) поранешниот гувернер на сојузната држава Њујорк, Марио Куомо – негов роден, постар брат.

Братот политичар беше обвинет за сексуално вознемирување на повеќе свои соработнички. Беше покрената службена истрага, па кога обвинителството потврди неколку од обвинувањата, тој беше присилен да поднесе оставка.

Помладиот брат – еден од водителските ѕвезди на Си – Ен – Ен – во времето додека се вршеше притисок на гувернерот да се повлече, затоа што веќе беше и осомничен за кривично дело за кое следува затворска казна – настојувал да му помогне на тој начин што ги посетувал редакциите во Њујорк, обидувајќи се да открие што тие ќе објават и како ќе го прикажат случајот.

На тој начин, му помагал на братот да се извлече од сериозната ситуација во која се има најдено. Нема прекршено никаков закон, но во Си – Ен – Ен беше оценето дека Крис Куомо ги има прекршено нормите на професионалната новинарска етика, па затоа доби отказ.

Против правилата на компанијата

Џеф Закер не направил ништо незаконски со врската со својата колешка, но се има (велат) огрешено од нормите на однесување во компанијата на чие чело беше, што еден водечки раководител не би смеел да го направи.

Уште повеќе што за повреда на нормите и стандардите за однесување на компанијата, пред тоа беше исклучен од работа водечки водител, а се истерани и неколкумина вработени за непочитување на наредбата сите да бидат вакцинирани.

Досегашниот претседател Закер, не чекајќи и тој да стане вест во тв вестите на Си – Ен – Ен, одлучил да се повлече затоа што излажал, или не ја кажал висината за неговата љубовна врска. Особено што е познато дека во многу компании во САД и во јавни установи – против правилата на службата е – вработените да стапуваат во трајни меѓусебни врски.

Оставка, затоа, има поднесено и колешката на Закер. Така и се разбра дека станува збор за директорката на маркетингот Алисон Голуст.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе