Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Спилберг и Кемпион победници на „Златен Глобус“

"Steven Spielberg" (CC BY-SA 2.0) by Gage Skidmore

Спилберг и Кемпион победници на „Златен Глобус“

Годинешниве награди „Златен Глобус“ беа доделени во Холивуд за најдобрите филмски и телевизиски остварувања во минатата година, но поради контроверзиите што се појавија што го следеа годинешново доделување, доделувањето помина без вообичаената гламурозност, на затворена приредба.

Без црвен тепих, без присуството на филмските и телевизиските ѕвезди, без актери и авторите на номинираните остварувања. Дури и без телевизиски пренос, што во последен момент го откажа компанијата Ен – Би – Си.

Победници, сепак, има. Тоа се Стивен Спилберг и Џејн Кемпион, чии остварувања освоија по три награди „Златен Глобус“.

West Side Story

Прославениот Спилберг ја освои престижната награда за најдобар филм во категоријата мјузикл – комедија за римејкот “Приказната од западната страна“, прв пат направен во 1961 година.

Станува збор за филмската и театарска приказна (оригинално тоа е мјузикл) за забранетата љубов на еден бел Американец и девојка од порториканско потекло, на која се спротивставуваат сите од тогашното американско општество, во Њујорк од педесеттите години на 20 век – пријателите, роднините, родителите и локалните банди, и на двете страни.

Кемпион освои „Глобус“ за најдобра режија за филмот „The Power of the Dog”. Ова остварување ја освои и наградата за најдобра драма.

Вил Смит е прогласен за најдобра машка улога во филмот „Кралот Ричард“, за улогата на Ричард Вилијамс, таткото на светските тениски ѕвезди Венус и Серена Вилијамс. Ендрју Гарфилд, пак, е најдобар актер во категоријата комедија – мјузикл за улогата во „Тик Тик…Бум“.

Петти „Глобус“ за Никол Кидман

Ѕвездата на „Приказната од западната верзија“, Рејчел Зеглер освои „Златен Глобус“ за најдобра актерка во мјузикли и комедии, додека Никол Кидман ја освои наградата за најдобра актерка во драмско остварување во „Being the Ricardos”, портретијаќи ја легендарната американска ТВ ѕвезда Лусил Бол.

Ова беше пети „Златеб Глобус “ на Кидман. Нејзини конкуренти беа Леди Гага за филмот „Куќата Гучи“ и Кристен Стјуарт, за улогата на принцезата Дијана, во „Спенсер“. Меѓу наградените, меѓутоа, е и Британката Кејт Винслет – за најдобра женска улога во мини – тв серија.

Пред доделувањето, со најмногу, по седум номинации, во трката за „Глобусот“ влегоа автобиографскиот филм на актерот Кенет Брана, под наслов „Белфаст“ и „The Power of the Dog” – вестерн, со британскиот актер Бенедикт Камербач во главната улога.

За најдобра драмска серија е прогласена „Наследници“, а актерот Џереми Строг ја освои главната награда за најдобра машка улога во оваа категорија. Серијата вкупно освои три „Глобуси“.

„Неприкладни подароци“

Оваа награда во Холивуд е секогаш третирана како гламурозна претходница за наградата Оскар, за која номинациите ќе се објават во текот на февруари, но и како своевиден барометар за тоа кои би моле да бидат оскаровските победници.

Гламурозноста годинава исчезна и за тоа се смета дека најголема вина сноси Здружението на странските новинари во Холивуд (HFPA), инаку организатор на целата претстава. Проблемите се појавија кога се откри дека (зад сцената) Здружението се има оградено од својата етичка политика и од определбите врз кои се потпира.

Овој пат, на пример, се случи меѓу оние кои одлучуваа за наградите да нема ниту еден афро – американец, но и затоа што групата (минатата година) прифатила подароци и разни бенифиции од компаниите, кои стојат зад некои од номинираните.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Култура

Горе