Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Берлускони и Драги во трка за претседател на Италија

andreadelbo/Depositphotos.com

Берлускони и Драги во трка за претседател на Италија

Долниот дом на италијанскиот Парламент одлучи изборите за нов претседател на државата да започнат на 24 јануари. Новоизбраниот претседател, треба да го замени на функцијата сегашниот шеф на државата Серџо Матарела.

Како главни кандидати за функцијата се јавуваат Силвио Берлускони, кој оваа година ќе наполни 86 години и актуелниот премиер Марио Драги (74) кој на чело на владата е 11 месеци.

„Супер Марио“

Драги беше определен за мандатор, а потоа и потврден во Парламентот за премиер, во моменти на владина криза – предизвикана во невреме. Тогаш кога Италија беше најтешко погодена од пандемијата со коронавирусот, а лидерот на Демократската партија (Матео Ренци) тогаш се определи да предизвика криза, напуштајќи ја широката лево – центристичка влада, предводена од Џузепе Конте – со цел да го собори Конте, својот дамнешен, лут политички противник.

Требаше да има вонредни избори кои во тоа време никој не ги сакаше, па за премиер шефот на државата го „повикан од пензија“ – Марио Драги, екс директор на Европската централна банка, популарно нарекуван во ЕУ како „Супер Марио“ затоа што во моментите на најголемата финансиска криза во Унијата и во еврозоната, успеа да го спаси еврото.

Драги од порано има навестено дека би сакал да биде претседател на државата. Во исто време, тој смета дека ситуацијата во земјата – и епидемиолошки и финансиски – е значително подобрена од онаа пред една година. Особено што Италија меѓу првите ги доби средствата од специјалниот фонд на ЕУ за санација на последиците од пандемијата (205 милијарди евра).

Контроверзниот Силвио

На другата страна, е Берлускони, на четири пати биран за премиер, кој сега и со нарушено здравје и во длабоко возрасен, сака да биде италијански претседател и да отслужи еден мандат, што во Италија трае седум години.

Последен пат беше приморан на оставка, по бројните скандали и афери врзани за обвинувата за неплаќање данок, за давање поткуп и за својот „неморален“ приватен живот и познатите „бунга – бунга“ журки со постари малолетнички.

Таквиот Берлускони предизвика на изборите по неговото повлекување, најмногу гласови да добијат ултра – десницата и крајната левица кои (заедно) ја доведоа Италија на работ од политички и економски хаос, утркувајќи кој од нов ќе биде поголем популист и националист.

Можна владина криза

Овие двајца политичари, како што пишуваат медиумите во Рим, меѓутоа, не се единствените во трката за претседателската палата. Како кандидати се споменуваат уште и поранешниот спикер на Парламентот Пиер Фердинандо Касини, екс премиерот Џулијано Амато и актуелната министерка за правда Марта Картабиа.

Во Италија, претседателските избори се разликуваат од оние во другите европски земји, па листата на кандидати – независно од партиите – е се уште отворена, што значи дека би можело да се пријават и други. Но, доколку премиерот Марио Драги остане на намерата, тогаш Италија се соочува со заканата да има нов претседател, но и уште една криза на владата.

Поради испразнетото премиерско место, земјата ќе се соочи со изборот – или да избере нов премиер, кој би ја водел владата до редовните парламентарни избори – во 2023 година, или пак, сега да се гласа за нов состав на Парламентот и за нова влада. Засега не е јасно каква намерата, посебно на крајната десница, доколку се повлече Драги.

Илјада парламентарци и регионалци

Претседателот на Италија, главно, има церемонијална улога. Но, има ситуации кога тој има важна улога за политичката стабилизација на земјата, во времето по изборите и во ситуации при паѓање на владата, што многу често се случува. Освен тоа, токму претседателот на државата го има конечниот збор при номинацијата на премиерот и на министрите.

Изборот го вршат 1000 парламентарци и претставници од сите италијански региони. Процесот на гласање што ќе почне на 24 јануари може да трае брзо, но обично се развлекува на неколку денови.

Во ваквиот изборен процес, партиите прават меѓусебни консултации, но нивното позиционирање не мора да биде одлучувачко – оние илјада гласачи често знаат да гласаат по свое уверување.

Во првите три изборни круга се гласа за дво – третинско мнозинство за секој кандидат. Во четвртиот круг веќе важи правилото – еден глас повеќе од 50 отсто од гласовите.

(Р.И.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе