Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Снег во египетското летувалиште Хургада

Снег во египетското летувалиште Хургада

Новата 2022 година почна онака како што беше и во текот на претходната – кога станува збор за климата и за невообичаените временски ситуации, што се врзуваат за климатските промени. Па, студено и зимски изгледаа делови од светот каде нема зима, а топло и со пролетни температури во краишта каде сега треба да има снег и да биде студено.

Хургада, познатото и популарно одморалиште во Египет, на секогаш топлото Црвено Море, на 1 јануари побеле од обилниот снег.

Прво, ова туристичко место било погодено од силен град. Велат дека паѓале замрзнати топчиња големи колку тениски топки, а веднаш потоа градот се претворил во влажен и „тежок“ снег кој целосно го изменил амбиентот на Хургада, полна со туристи од секаде, за да ги поминат новогодишните празници.

Египетските медиуми јавуваат дека туристите подготвени за сончање и за капење, во паника почнале да бегаат, барајќи засолниште во бројните хотели кога виделе дека врне снег и дека (барем за еден крток период) се имаат најдено во вистински зимски услови. Медиумите пишуваат дека гостите во хотелите биле во „вистински шок“ од она што им се случува, целосно неподготвени да се справат со промената на климата во неколку часови.

Поради снегот што ја зафатил и целата област Хургада, како и уште некои провинции, египетските власти ги затвориле училиштата, додека на населението и на гостите им се препорачува да не стојат под големите палмини дрвја, натежнати од снегот и под билбордите – за да не се повредат од нивното уривање.

Снег и големи снежни намети со блокирани патишта, околу празниците, „нападна“ и делови од Калифорнија, во САД, предизвикувајќи проблеми во патувањето и во редовното живеење на луѓето.

Снег, меѓутоа, нема – барем не онаков каков што треба за скијање, во европските алпски предели, кои никако зимава да се забелеат како што треба. Без разлика што поради новиот бран на коронавириусот и на новиот вид – Омикрон – советите на епидемиолозите се да се одбегнуваат места за масовен туризам.

Во ова исто време, делови од Балканот беа зафатени со вистински пролетни температури.

Невообичаени температури од 15 – 16 степени беа регистрирани низ регионот. Во Далмација, во Хрватска, во реонот на Дубровник – на пример – голем број дубровчани и некои похрабри гости – на 1 јануари излегоа на плажа и се капеа во Јадранско Море.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе