Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Извинување на „Дејли Меил“ за Меган Маркл

eNCA, Meghan Markle visits to ActionAid South Africa 02, CC BY 3.0

Извинување на „Дејли Меил“ за Меган Маркл

Познатиот британски издавач на таблоидите – неделникот „Меил он Сандеј“ и дневниот весник „Дејли Меил“ – јавно и се извини на војвотката од Сасекс Меган Маркл затоа што весниците го објавија приватното писмо што таа му го има напишано на нејзиниот татко Томас Маркл, после венчавката за принцот Хари.

Меган (40) има напишано долго писмо, на пет страници, на својот татко кој е разведен од мајката, во февруари 2019 година. Во писмото таа го моли таткото да престане да го критикува и да го оцрнува Хари, давајќи изјави за американските и за британските таблоиди.

Компанијата која ги издава весниците, во текот на долгиот судски процес, се бранеше дека официјални лица од кралската палата, помагале при пишувањето на писмото, па затоа тоа не може да се третира како приватно, туку дека станува збор за „документ“ поврзан со кралското семејство кој затоа треба да биде достапен за јавноста, бидејќи е од јавен интерес.

Војвотката ги победи таблоидите

Вишиот суд во Лондон, меѓутоа, ја отфрли одбраната на издавачот на таблоидите кои на своите страници и на интернет страницата – пет денови освен што го објави писмото – објавуваше текстови за семејството Маркл, главно критички интонирани кон војвотката од Сасекс. Судот оцени дека станува збор за приватно писмо и дека Меган е во право кога барала правна сатисфакција за неговото – недозволено од никого, објавување.

Двата весника освен што го загубија спорот, мораше на насловната и на третата страница, да објават и извинување за сопругата на принцот Хари кој од почетокот беше со Меган во судирот со лондонските таблоиди.

Поранешната американска актерка Меган Маркл се омажи на 19 мај 2018 година, во кралскиот замок Виндзор, за Хари, син на британскиот престолонаследник Чарлс и внук на кралицата Елизабета – шестиот по ред претендент на британскиот престол.

Нејзината мајка присуствуваше на кралската венчавка, но не и таткото Томас. Тој, прво изјави дека не може да допатува од САД во Британија, поради здравствени проблеми, со срцето. Подоцна, меѓутоа, тврдеше дека не бил ниту поканет на венчавката.

Најобразувана во семејството

Во јануари 2020 година, Хари и Меган објавија дека одлучиле да се откажат од кралските обврски, па се преселија – прво во Канада, а потоа во САД. Како што се верува – најмногу поради гневот на Хари од односот на „некои луѓе“ во семејството кон неговата сопруга – дете од расно мешовит брак.

Сега живеат во Санта Барбара, близу до Лос Анџелес, во Калифорнија, со своите две деца – двегодишниот син Арчи и шестмесечната ќерка Лилибет.

Соопштението дека Меган, конечно, го победи „Меил“ во својата приватна тужба против таблоидот и компанијата, доаѓа истовремено со соопштението на една ројалистичка фондација „Ројал Оксфорд“ која објави дека војвотката од сасекс е најобразуваната во кралското семејство.

Таа има две факултетски дипломи – за глума и за природни науки. Кејт Мидлтон и сопругот Вилијам имаат по една, од Универзитетот Сент Ендрју, додека за Хари се вели дека има само воена академија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе