Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Во вселената лансиран најголемиот телескоп

"Ariane 5 Rollout with James Webb Space T" (CC BY-NC-ND 2.0) by NASA HQ PHOTO

Во вселената лансиран најголемиот телескоп

НАСА конструира и со помош на европската ракета Аријана 5, лансира телескоп во вселената за кој експертите тврдат дека е најголемиот што досега е изграден, но и дека е револуционерен, затоа што со неговата помош се отвора нова етапа во истражувањето на вселената.

Според планот, телескопот „Џејмс Веб“ тежок скоро 6,5 тони,  после 26 минути од лансирањето од Европскиот вселенски центар во Француска Гијана, се ослободи од ракетата која го подигна од Земјата, за да потоа, еден месец, патува низ вселенскиот простор за да стигне до целта во соларната орбита – на околу еден милион милји, или безмалку четири пати подалеку од оддалеченоста на Месечината од Земјата.

Научниците потсетуваат дека претходникот на „Веб“, телескопот „Хабл“ кружеше околу Земјата на оддалеченост од 340 илјади милји. Новиот телескоп е дури 100 пати почувствителен од „Хабл“ и се очекува да внесе револуција во астрономското толкување на вселената и на нашето место во неа.

„Веб“ ќе ја гледа вселената во инфрацрвен спектар, а тоа ќе му овозможи да може да гледа и низ ѕвездениот прав. „Хабл“ пак, функционираше врз оптички и ултравиолетови бранови должини.

Според научниците во НАСА, лансираниот телескоп би можел да одговори на две клучни прашања – едното е како се создадени првите галаксии во вселената и дали тие ја имаат направено вселената проѕирна за светлината, а второто – како галаксиите ги произвеле и ги распрснале во космосот, потешките елементи, како што се ѕвездите, планетите, па дури и луѓето.

Овој телескоп ќе ги истражува планетите, пред се, некои од илјадата откриени надвор од Сончевиот систем. Со ваквите анализи, научниците веруваат дека би можеле да ги откријат молекулите кои би биле знак за постоење живот, или услови кои би можеле да поддржат живеење.

Најавено е дека во првата година од својата истражувачка работа, „Џејмс Веб“ ќе биде вклучен на проучувањето на некои од најпознатите егзопланети, вклучувајќи седум од нив, со големина колку на Земјата, кои кружат околу ѕвездата Трапист – 1.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе