Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Поранешната љубовница против „најтажната принцеза“

Jean_Nelson/Depositphotos.com

Поранешната љубовница против „најтажната принцеза“

Поранешната љубовница на принцот од Монако Алберт, кој е во брак со „најтажната принцеза“ во светот, остро се нафрли врз неговата сопруга, принцезата Шарлин.

Не е прв пат, Никол Кост да ја критикува и да ја навредува сопругата на принцот, со кого таа беше во долга (тајна) врска, а критиките се најчесто околу, наводно, грубиот однос на Шарлин кон детето од таа врска, што Алберт го има признаено.

Принцот и Никол мораа да ја прекинат романтичната врска под притисок на таткото на Алберт, принцот Реније кој не дозволувал неговиот син и наследник да се ожени со госпоѓицата Кост. Тие двајцата имаат син (Александар) кој неодамна има наполнето 18 години. Момчето живее со таткото, но е лишено од правото на наследство на престолот на малото кнежевство Монако.

Студенило и ароганција

Никол во интервју за француските медиуми има речено дека принцот од Монако добро ја извршува својата родителска грижа, но дека нивниот однос бил нарушен со влегувањето на Шарлин во животот на Алберт.

Таа не крие дека не ја поднесува принцезата, иако прифаќа дека поради ситуацијата (дете од љубовничката врска, пред бракот на принцот) двете би требало меѓусебно да се подржуваат. Но Никол тврди дека во време кога принцот не бил во Монако, принцезата Шарлин наредила собата на синот на Алберт да премести на другиот крај од кнежевската палата – таму каде обично се сместени собарките и другиот персонал.

„Таквиот однос кон мојот син ме има шокирано и тоа со ништо не можам да го оправдам, особено што тој (синот) има одлични односи со децата родени од Шарлин“ – рекла налутено Никол Кост. Кога новинарите ја прашале што мисли за здравствената состојба на сопругата на принцот, некогашната љубовница и несудена сопруга на Алберт, ги изненадила новинарите со своето студенило и ароганција.

„Не ми е воопшто грижа за неа и за нејзиното здравје. Се што и се случува е само карма“ – има речено Никол.

„Мистериозна болест“

За врската на принцот – љубовџија со Никол Кост се знае дека е започната во 1997 година, дека траела шест години и дека нивното дете е родено во 2003 година, кога тие двајцата повеќе не биле заедно.

Подоцна Алберт се ожени со Шарлин, која во француската и европската јавност е позната како “најтажната принцеза“, затоа што, како што се вели „никогаш и никој не ја видел насмеана“.

Голем дел од таа јавност за таквата состојба го обвинува сопругот, принцот Алберт и неговиот „студен и незаинтересиран однос кон сопругата“.

Шарлин во моментот е сместена во една психијатриска клиника, откако претходно се разбра дека се онесвестила, па била лекувана под псевдоним, за да не се открие нејзиниот идентитет. Станува збор за „мистериозна болест“.

Во минатиот месец медиумите пишуваа дека побегнала од палатата и заминала сама и без децата, на одмор во родната Јужна Африка. Тогаш бракот на принцот и принцезата од Монако беше прогласен за „најтажниот кралски брак“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе