Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Британските пратеници земаат кокаин – во Парламентот!

Arsty/Depositphotos.com

Британските пратеници земаат кокаин – во Парламентот!

Спикерот на британскиот Парламент Линдзи Хол соопшти дека ќе покрене истрага за обвинувањата дека во зградата во Вестминстер, пратеници и други кои таму постојано работат, земаат дрога – кокаин.

Скандалот го откри неделникот „Сандеј Тајмс“ откако во својот последен број објави дека во цела низа тоалети на старата и репрезентативна парламентарна зграда, сместена покрај брегот на Темза, се најдени траги од кокаин.

Според Линдзи, станува збор за ситуација која – како што рекол – е загрижувачка – и во секој случај е срамна за најстариот Парламент во Европа. Спикерот се заканал со остри казни за оние кои на овој начин “го исмеваат законот“ и кои се огрешиле од неговите одредби.

Целиот случај е откриен во време кога владата на премиерот Борис Џонсон, најави дека пред пратениците во Долниот дом ќе го промовира својот план за тоа да се вложат над 700 милиони фунти (околу 720 милиони евра) за борбата против наркоманијата во Велика Британија.

Весникот открива дека биле проверени 12 тоалети на Парламентот и по направените тестови, откриено е дека во сите има траги од кокаин. Комисијата на Долниот дом која менаџира со зградата веднаш прифатила да се извести лондонската полиција и одделот за борба против дрогата, за да покрене детална истрага.

„Сандеј Тајмс“ пишува дека менаџментот на Вестминстер е цврсто решен да се расчисти овој скандал, па затоа (најверојатно) ќе се дозволи полицијата да дојде во зградата на Парламентот со специјално дресирани кучиња за откривање дрога – за да ги препознаат корисниците. Било да се тоа пратеници, било да е некој друг од оние кои секојдневно се во зградата.

„Обвинувањето дека во Парламентот се користи дрога, како што тврди „Сандеј Тајмс“ е страшно и вознемирувачко. Затоа ќе побарам од полицијата ова прашање да го расчисти што е можно побрзо. Очекувам целосна и ефикасна примена на законот“ – изјавил Спикерот Линдзи Хол за лондонските медиуми.

Британските закони предвидуваат казни за поседување дрога од т.н. А – класа, во која се наоѓа и кокаинот. Казната е затвор до седум години, или таа може да се претвори во парична. Не ретко, судите пресудуваат една, заедничка казна – и затворска и парична.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе