Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Шведска: Андерсон премиер само неколку часови

Ale_Mi

Шведска: Андерсон премиер само неколку часови

Новозибраната премиерка на Шведска Магдалена Андерсон поднесе оставка само неколку часови, по именувањето на функцијата. Андерсон која беше првата жена – премиер во историјата на оваа скандинавска земја, се повлече откако еден од коалициските партнери – партијата на Зелените – ја напушти владата.

Андерсон беше избрана претпладнето во Парламентот, откако стана лидер на шведската Социјал – демократска партија, но неколку часови подоцна таа го извести Спикерот на претставничкиот дом дека не може да остане на функцијата и дека поднесува оставка, затоа што нејзиниот предлог за нов буџет на државата не доби подршка од сите коалициски партнери.

Тесно мнозинство

Шведскиот парламентарен модел, меѓутоа, е прилично компликуван и различен од оној во низа земји во Европа, па така Андерсон и покрај оставката, може одново да направи коалиција и да биде и избрана во Парламентот за премиер.

Таа самата им изјави на новинарите дека и покрај оставката, подготвена е да се обиде да создаде поинаку компонирана влада. Особено откако партијата на Зелените која и ја предизвика кризата, соопшти дека би ја подржале за премиерската функција, без да станат дел од новата владина коалиција.

На премиерската функција (пред да се повлече) – Андерсон го замени Стефан Левен од истата партија. Таа досега беше министер за финансии на Шведска.

На позицијата, сепак, беше избрана со тесно мнозинство, со само еден глас повеќе од она што е предвидено со Уставот. За нејзиниот избор гласале 117 пратеници. Други 57 останале воздржани, додека против Андерсон биле 174 пратеници.

„Булдожер“ политичарка

Ваквиот необичен распоред при гласањето не е необичен за шведската политичка пракса. Таму владата може да „помине“ при изгласувањето доверба во Парламентот, доколку апсолутно мнозинство од 175 пратеници не се изјаснат против владата, или предложениот премиер.

Во почетокот на ноември Магдалена Андерсон беше избрана за лидер на шведската Социјал – демократска партија. Има 54 години и е поранешна пливачка. Во Шведска и во тамошата политичка јавност е позната како „булдожер“, затоа што во секој свој настап (како политичар) е остра и секогаш отворена.

Нејзиниот претходник на чело на партијата Левен уште летоска најави дека се повлекува од премиерската функција, откако ја загуби подршката и во својата партија. Се повлече од двете функции на помалку од една година пред редовните парламентарните избори – во септември 2022.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе