Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Леди Гага во филм за семејството Гучи

thenews2.com/Depositphotos.com

Леди Гага во филм за семејството Гучи

Пејачката ѕвезда Леди Гага ја толкува главната улога во филмот „House of Gucci” на прославениот британски режисер Ридли Скот, што почнува да се прикажува во САД од 24 ноември.

Филмот е работен според книгата во која е прикажана семејната трагедија во оваа богаташко италијанско семејство- сопственици на, во светот, познатата модна куќа „Гучи“. Станува збор за убиството на Маурицио Гучи, во тоа време предводник на оваа модна империја, извршено од изнајмен убиец, по налог на неговата сопруга- Патрисија Реџани.

Гага го толкува ликот на сопругата Реџани, а улогата на убиениот сопруг Маурицио му е доверена на актерот Адам Драјвер. Во филмот настапуваат и две големи актерски имиња – Ал Пачино и Џереми Ајронс.

Филмот е сниман во Италија, каде е се случуваат сите настани.

Во изјави за американските медиуми Леди Гага има речено дека во текот на филмот таа постојано се менувала и дека својата улога ја има градено посматрајќи ги животните. На почетокот таа е како мила и питома мачка, подоцна станува итра како лисица и голем манипулатор, за да во финалето на филмот се претвора во пантер, што пред да нападна одново станува мила, постојано умилкувајќи се со сите околу себе.

Во едно друго интервју, меѓутоа, таа открива дека траумата што ја носи во себе (кога на 19 години била сексуално нападната од еден продуцент) и помогнало да се внесе во ликот што го толкува и во улогата, постојано менувајќи го своето однесување.

Режисерот Ридли Скот е автор на низа култни остварувања на седмата уметност – „Осмиот патник“ и „Истребувачот“, па „Телма и Луиз“ и „Гладијатор“, како и „Божественото кралство“ за борбите на крстоносците во раниот Среден век за тоа светиот град Ерусалим да на падне под исламска контрола.

Филмот за трагичните случувања во семејството Гучи и за осудувањето на Патрисија Реџани, Скот го има направено веднаш, откако пред неколку месеци го има завршено и снимањето на претходниот филм „Последниот дуел“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе