Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Северен поток 2“ го поскапува гасот

kodda/Depositphotos.com

„Северен поток 2“ го поскапува гасот

Вкупната цена на гасот во ЕУ, но и во Британија е зголемена за 17 отсто, откако германската регулаторна комисија го суспендира  издадавањето одобрување ( за работа) на контроверзниот гасовод „Северен поток 2“ од Русија до Германија.

Во образложените за ваквата одлука се вели дека компанијата која ќе оперира со гасоводот , претходно, мора да биде усогласена со германскиот закон, за да може овој голем и скап проект, вреден 10 милијарди евра,  да функционира. Критичарите на гасоводот, пак, како порано, така и сега изразуваат стравување дека „Северен поток 2„ само ќе ја зголеми енергетската зависност  на Европа од Русија.

ЕУ стравува од студена зима

Изградбата на гасоводот беше завршена во септември, но од тогаш, неговото пуштање во редовна работа, на неколку пати беше одлагано.

Минувајќи под Балтичко море, овој гасовод двојно ја зголемува испораката на гас од Русија за Германија, но во исто време, ја заобиколува Украина, преку чија државна територија минуваат сегашните испораки на гас. Тоа ќе значи драстично намалување на приходите што украинската економија ги добива од наплатата на таксите од овој гасен транспортен коридор.

Германија и германскиот бизнис имаат инвестирано големи пари во „Северен поток 2“ , долг 1225 км. а поранешниот германски канцелар Герхард Шредер има одиграно голема улога за покренувањето на идејата и за изградбата на гасоводот, по оваа нова траса.

Што се однесува до цената на гасот, таа веќе  беше висока , пред да се случи блокирањето на проектот. Студената зима во Европа, минатата година, кога во низа земја на ЕУ се појави недостиг од гас, предизвика оваа година да има силен притисок врз снабдувањето  со оваа енергија , што предизвика резервите на гас да бидат многу помали од нормално, а тоа да влијае  врз растот на неговата цена.

Нема брзо решение за блокадата

Експерти велат дека ваквата ситуација ќе потрае, затоа што нема на повидок брзо излегување од ситуацијата врзана за „Северен поток 2“.

Германскиот регулатор инсистира дека дозвола за работа гасоводот ќе добие тогаш кога неговиот оператор ќе биде оргнизиран- правно- целосно според законите на Германија. А, за тоа, како што велат оние кои ги познаваат состојбите околу целиот овој проект- ќе бидат потребни неколку месеци, или дури по завршувањето на годинешнава зимска сезона.

Во објаснувањето на регулаторната комисија се вели дека гасоводот ќе остане под суспензија и без гас, се додека  имотот и човечките ресурси ( на „Северена поток 2“ ) не бидат префрлени од сегашната компанија- мајка , со седиште во Швајцарија, на нејзината германска компанија- наследничка која ќе го поседува и ќе оперира со германскиот дел од гасоводот.

Колку за потсетување, западните медиуми уште на почетокот од годинава пишуваа (  Скопје/Глобал ги има пренесено тие написи), дека швајцарската компанија „Северен поток 2“- практично- е во руски посед.

Со неа, навистина, управува еден Германец, за кого се тврди дека е од Источна Германија и дека е поранешен оперативец на источногерманската по зло позната тајна служба Штази, но тој не е било кој. За  него се вели и дека е мошне близок со рускиот претседател Владимир Путин, кај кого во Кремљ, велат, може да влезе „кога ќе посака“ и дека може да му се јави на телефон “кога за тоа ќе има потреба“.

Опасно геополитичко оружје

Во секој случај, се додека германскиот регулатор не даде „зелено светло“ за работа на овој гасовод , тој нема да работи.

Нема да проработи и додека се чека на одобрување и од Европската комисија која тоа треба да го направи по деблокирањето од германска страна, кое изгледа дека станува сериозно прашање за целата инвестиција, поради стравувањето дека гасоводот може да се преетвори во „опасно геополитичко оружје“ ( на Русија) . Вака размислуваат низа европски политичари, особено оние кои се во соседството на Москва, а така зборува и украинскиот претседател Володмир Зеленски.

Според британскиот премиер Борис Џонсон, Европа сега се соочува со ситуацијата да зависи од рускиот гас , како никогаш досега и да се определи на страната на Украина , врзувајќи се за каузата за мир и стабилност.

Британците , сепак, се најмалку зависни од рускиот гас, во споредба со другите во Западна Европа, особено во споредба со една Германија. Таму, пак, Ангела Меркел на одење од фунцијата и од политиката, има речено дека „се можни нови санкции кон Русија, доколку Москва го искористи „Северен поток 2“ против Украина.

Производителот не може да поседува гасовод

Во Киев беше поздравено решението на германската регулаторна комисија , додека полската компанија за гас повикува на енергетска солидарност  во рамките на ЕУ, за да се обезбеди сигурно снабдување со гас во текот на оваа зима.

Конзорциумот кој сега управува со гасоводот , меѓутоа, одбива да ги коментира случувањата околу неговото пуштање во работа и испорачувањето гас за Германија, но во Брисел објаснуваат дека во целата оваа работа не треба да се бара политика.

Едноставно, според директивите за снабдување со гас и за гасот воопшто, што важат за ЕУ, производителите на гас мора да бидат одделени од компанијата која е сопственик на гасоводот. Во случајот со „Северен поток 2“ тоа не е така- производителот (Русија) во исто време се јавува и како сопственик на гасоводот.

Освен гераманските компании Унипер и БАСФ- Винтершал, со акции во гасоводот се вклучени и други европски компании, влучувајќи ги и англо-холандската Шел, потоа ОМВ од Австрија (Холандија и Австријанците се големи корисници на рускиот гас) , како и француската Енжи.

Берлин го брани проектот

Германската влада уште на почетокот, а и сега во екот на заминувањето на Меркел и создавањето нова влада, го брани целиот овој проект за изградба на уште еден гасовод, покрај постоечкиот „Северен поток 1“.

Владата во Берлин инсистира дека природниот гас и во следдните децении ќе продолжи да има значајно место во вкупното снабдување со енергија за Германија, инсистирајќи притоа дека гасот е многу поповолно гориво, кога станува збор за климатските промени во споредба со другите фосилни горива. Гасот испушта далеку помалку јаглен-двооксид од јагленот, на пример. Германија (со Полска) е и еден од главните корисници на јагленот, кој во производството на енергија во оваа земја се уште учествува со 30 отсто.

Германските еколозите, од своја страна, не се согласуваат со анализите на владата, па тие се против овој гасовод. Прво, овој скап проект, наместо да ја подобри целата ситуација  во снабдувањето со гас и со  цената, тој уште повеќе ги искомпликува работата- во основа- зголемувајќи ја кризата. Второ, еколозите веруваат дека овој гасовод само ја потврдува својата некомпатабилност со германските цели за намалување на емисијата на штетни гасови.

Од Москва, пак, претседателот Путин на сето ова реагира со уверување дека кога ќе проработи „Северен поток 2“ , енергетската ситуација ќе се подобри, а цената на гасот ќе се намали. Засега, малкумина  веруваат дека сето ова е толку едноставно за разрешување.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе