Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Тројца мртви во напад на скорпии во Асуан

312010/Depositphotos.com

Тројца мртви во напад на скорпии во Асуан

Во напад на скорпии, од нивниот убод, засега се регистрирани три починати лица, а СТОТИЦИ други се полесно и потешко повредени – соопштија египетските здравствени власти.

Нападот се случил во јужниот египетски град Асуан, близу до вештачкото езеро Насер, после големо невреме што го има погодено градот и неговата околина.

Токму невремето ги има „пренесено“ скорпиите на улиците на градот, каде поради крстарењето по Нил и поради близината на познатиот староегипетски споменик Абу Симбел, секогаш има бројни странски туристи. Но, проблемите повеќе се последица на тоа што многу скорпии ветрот и дождот ги имаат „внесено“ во голем број куќи и живеалишта.

Повеќе од 450 лица се повредени од убодот на скорпиите, а некои од нив се борат за својот живот.

Смртоносни скорпии по улиците

Реонот на Асуан, посебно деловите блиску до реката Нил, бил погоден од град и грмотевици, проследено со силен дожд и олуја, што претставува реткост во овој дел од Египет. Овој пат, невремето ги има донесено и скорпиите, кои предизвикаа да има и мртви и толку многу повредени.

Скорпиите, обично, излегуваат на улиците по ретките силни дождови, кога невремето знае да ги предизвика и змиите, што тогаш бегаат од своите склоништа и не ретко се „рашетуваат“ по градските и селските улици.

Властите соопштија дека во нападнатиот реон испратиле дополнителни дози од анти – отров од каснување од скорпии, што се расподелени по медицинските центри во селата, блиску до околните планини и во близината на пустината од каде скорпиите се покренале.

Ситуацијата се означува како мошне сериозна, па властите во Египет наредиле сите лекари и другиот медицински персонал што е вклучен во вакцинирањето на луѓето, против коронавирусот, да ја прекинат таа работа и да се префрлат на борба со скорпиите, односно за спасување на лицата кои се убодени.

Прекината вакцинација

Од населението било побарано да не излегува, луѓето да останат во своите домови, а посебно да ги одбегнуваат шумовитите места.

Египет е познат како место каде има повеќе видови скорпии, меѓу кои се и оние – како црната скорпија – која важи за најсмртоносна во светот. Отровот од овој вид скорпија убива возрасен човек во рок од еден час.

Симптомите од убодувањето, откако отровот брзо ќе се рашири низ телото, се тешкото дишење, грчењето на мускулите и невообичаеното движење на главата.

Анти – отровот таму се користи и како превентивна мерка, пред да се развијат симптомите, но може да се дава и да дејствува и кога симптомите од убодот почнуваат да се манифестираат.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе