Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Фајзер: Анти-ковид пилулите ефикасни до 90 отсто

steveheap/Depositphotos.com

Фајзер: Анти-ковид пилулите ефикасни до 90 отсто

Фармацевтската компанија Фајзер соопшти дека нејзиниот нов лек – пилулите Paxlovid – создаден за борбата со Ковид – 19 е ефикасен и до 90 отсто во лекувањето на возрасни лица и на оние со кревко здравје. Односно дека за толкав процент може да ја намали смртноста, како и хоспитализацијата на пациентите.

Предвидено е лекот да се дава откако инфицираното лице ќе ги развие симптомите, на некои од тешките вируси. Во тој случај новиот лек на оваа компанија се зема два пати на ден, во период од пет денови.

Лекот е така конструиран за да го блокира ензимот што, инаку, му е потребен на вирусот за да се развие во телото на заразеното лице. Заедно со поголема доза на уште еден лек – со пилулите Ritonavir – фајзеровото ново откритие може многу подолго да остане во телото.

Овој лек е поинаков од оној што Меркс веќе го промовираше и за што има добиено и одобрување за употреба, затоа што се базиран врз тоа да го пореметува кодот на генетиката на вирусот.

Во соопштението од Фајзер се вели дека до сознанијата за високата ефикасност на Paxlovid е дојдено после долга серија болнички тестови и проверки. Но, за разлика од лекот на компанијата Меркс, пилулите на Фајзер се уште се во фаза на последните испитувања.

Тие потоа ќе треба да се регистрираат кај американската агенција за храна и лекови ФДА, за да може да се пуштат во употреба за болничко лекување.

Сепак, американската администрација веќе сега има резервирано нарачки од повеќе милиони дози од новиот лек. Британија, исто така, веќе има нарачано кај Фајзер 250 илјади дози, без разлика што ниту британската агенција за лекови нема дадено дозвола за употреба на новиот лек.

Епидемиолозите и здравствените експерти сметаат дека станува збор за вистински пресврт во борбата со Ковид и за блокирање на пандемијата што веќе две години не може да се стави под контрола.

Во Фајзер инсистираат дека нивниот лек, потенцијално, ќе спасува човечки животи, ќе може да ја намали инфицираноста со коронавирусот и да го поспеши лекувањето на заразените – кај девет од 10 пациенти.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе