Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Мртов дипломат пред руската амбасада во Берлин

Lindasky76/Depositphotos.com

Мртов дипломат пред руската амбасада во Берлин

Еден руски дипломат е најден мртов на тротоарот пред амбасадата на Русија во Берлин. Телото уште на 19 октомври го откриле полицајците кои ја обезбедуваат руската дипломатска мисија, но веста тоа е објавена дури во петокот на 5 ноември.

Руската амбасада ја одбила понудата на германската страна за покренување истрага за инцидентот, повикувајќи се на дипломатските протоколи за вакви случаи, па телото на починатиот било веднаш пренесено во Русија.

Според наодите на полицијата, човекот паднал од горните катови на зградата на амбасадата, но не се знае како тоа се случило. Руската амбасада тврди дека во прашање е “трагичен инцидент – несреќен случај“.

Станува збор за 35 годишен маж кој пред германските власти бил пријавен како втор секретар на амбасадата. Истражувачката интернет страница Белингкат, меѓутоа, повикувајќи се на „достапни информации“ има откриено дека жртвата е син на заменик директорот на руската разузнавчка агенција ФСБ – втор оддел.

Оваа тајна служба се поврзува со убиството на еден Грузинец, поранешен чеченски командант Залимкан Кангошвили кој беше убиен, со два истрели во главата, испукани од непосредна близина, во еден пар во Берлин, уште во 2019 година. Германските власти за убиството ја обвинуваат Русија – дека од таму е наредена ликвидацијата на Грузинецот.

Овој оддел на ФСБ се поврзува и со обидот за убиство со труење со нервниот агенс новичок, на Алексеј Навални, извршен во август 2020 година.

Европската телевизија Јуроњуз, открива дека починатиот руски дипломат, всушност, бил прикриен припадник на руската тајна служба, одговорен за борбата против тероризмот, кој официјално, во Берлин, бил претставен како дипломат.

Руската страна, како што е тоа вообичаено, ги отфрла сите вакви пишувања.

Според нејзиното службено соопштение, сомнежите во дел од европските медиуми дека смртта на рускиот дипломат и син на висок функционер на разузнавачката агенција е крајно сомнителна, ги има оквалификувано како „апсолутно некоректни“. Сепак, ниту мисијата, а нити Москва немаат дадено никакви објаснувања, или детали за целиот случај.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе