Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Романија: Рекордна смртност од корона

Mircea Moira/Depositphotos.com

Романија: Рекордна смртност од корона

Романските здравствени власти потврдија дека во вторникот (2 ноември) имаат регистрирано рекордна смртност од коронавирусот. Во само 24 часови, во земјата починале дури 591 лице, што е најмногу досега од почетокот на пандемијата.

Како причина за ваквата ситуација, се посочува ниската стапка на вакцинација на населението, што ја прави Романија, земја членка на ЕУ, да биде при дното според отпорот на населението кон примањето на било која вакцина. Ситуацијата е отидена до таму, што романските власти во текот на летото, ги препродаваше вакцините што преку европските фондови ги имаше набавено – за да не се случи вакцините да мора да се фрлаат – како неупотребливи, затоа што не биле искористени.

Мал процент вакцинирани

Проблемите настанаа есенва, кога земјата беше зафатена со најновиот бран на пандемијата, бележејќи забрзан раст на новозаразени и на починати – во услови на ниско вакцинирана популација. Само 37 отсто од возрасните Романци се вакцинирани, што е далеку зад просекот на Европската унија, каде тој процент изнесува 75 отсто.

Ваквата состојба има предизвикано дури 541 лице од вкупно починатите 591 од последиците на вирусот и на Ковид – 19, во вторникот, да не се вакцинирани.

Властите, засега, не откриваат што е причината за ваквата состојба – зашто луѓето во оваа земја од 19 милиони жители, не сакаат да се имунизираат, но по алармантната вест за толку големиот број починати, веднаш беа воведени дополнителни епидемиолошки мерки и ограничувања во борбата со пандемијата што (засега) Романците ја губат.

Потврда за вакцинација сега е потребна за многу секојдневни активности – од влегувањето во трговските центри, до посетата на кината и на центрите за забава, како и во теретаните.

Од почетокот на пандемијата со короната, во Романија официјално се регистрирани над 1,6 милиони заразени лица. Близу 49 илјади од нив се починати.

Бугарија – најмалку вакцинирани во ЕУ

Слична е состојбата и во соседна Бугарија, која со недели бележи рекорди во бројот на новозаразените и починатите, само затоа што и оваа балканска држава и членка на ЕУ, има најнизок степен на вакцинирани во Унијата. Помалку и од Романија.

Дури 50 отсто од бугарските граѓани имаат изјавено дека не се вакцинирани и дека немаат намера да се имунизираат, не давајќи притоа никакво разумно објаснување за таквото однесување.

Бугарија има силно антиваксерско движење и дека тоа не ретко, со поддршка на разните ултра – десничарски групи организира протести во Софија против вакцинацијата и против било какви епидемиолошки мерки со кои би се спречило ширењето на епидемијата.

Министерството за здравство соопшти дека пандемијата е навлезена во критична состојба, затоа што бројот на активни случаи се има искачено до над 100 илјади заразени. Во соопштението се вели дека земјата е навлезена во четвртиот бран и се очекува следните две недели да бидат крајно критични.

„Ова не е само криза во здравството, ова веќе станува национална катастрофа„ – се признава во соопштението.

„Ситуацијата станува катастрофална“

Се апелира кон луѓето – прво веднаш да се вакцинираат, а потоа да се придржуваат кон минималните услови на епидемиолошка ситуација. Станува збор за носење маска, минимизирање на контактите со разни лица, ненапуштање на домовите без некоја голема потреба и одржување социјална дистанца.

Во последните 24 часови, во Бугарија се регистрирани над шест илјади новозаразени, како и 310 починати пациенти. Дури 94 отсто од сите починати не биле вакцинирани.

Оваа земја е рекордер по бројот на невакцинираните во ЕУ, но и во Европа.

Околу 80 отсто од бугарското население нема примено никаква вакцина против короната. Апелите досега немаат никаков ефект, а развлечената политичка криза во Бугарија и честите избори, на секои три месеци, предизвикуваат короната и борбата со неа да стане дел од кампањата и од политичките игри на партиите.

Во услови на силно антиваксерско движење и на толку многу лица кои не сакаат да се вакцинираат, политичарите и партиите не сакаат да ги загубат нивните гласови, па затоа и не заговараат да преземат никакви поенергични мерки за имунизација на населението и за одбрана од силно раширената пандемија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе