Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Српско-италијанска банда крадела низ Британија

janefromyork/Depositphotos.com

Српско-италијанска банда крадела низ Британија

Една српско – италијанска криминална банда оперирала подолго време во Британија, влегувајќи во куќите и имотите на богати и познати сопственици, при што се украдени пари и накит во вкупна вредност од над 26 милиони фунти.

Оваа меѓународна банда, според весникот „Дејли Телеграф“, го има изведено најголемиот куќен грабеж на британска територија, во вилата на Тамара Еклстон, ќерка на милијардерот Берни Еклстон, поранешен сопственик на Формула – 1, која се наоѓа во центарот на Лондон, во отмениот кварт Кенсингтон.

„Грабеж на столетието“

Во време на грабежот, во декември 2019 година, ќерката Еклстон не била дома – со семејството била на одмор во Финска. Од нејзиниот дом тогаш се украдени пари и накит во вредност од 25 милиони.

Освен кај неа, крадците навлегле и во куќата на поранешниот фудбалер на „Челси“ – Франк Лампард, како и во домот на (сега починатиот) Вишај Шриваданапраба, сопственик на премиерлигашот „Лестер“.

Полицијата досега не успеа да ги врати парите, накитот и украдените предмети од сите три локации, но работите станаа појасни откако еден од клучните криминалци, Југослав Јовановиќ (24) српски државјанин од Милано, и призна на полицијата дека учествувал во криумчарењето на украдените предмети од „грабежот на столетието“ како што случајот го опишуваат лондонските медиуми.

Се верува дека парите и накитот се префрлени некаде во странство.

Потрага по четвртиот крадец

По признанието на Јовановиќ, кого британската полиција го смета за главен осомничен, сега останува уште да се открие – каде се украдените работи. Српскиот државјанин е екстрадиран од Италија во Британија и тој признал дека е виновен за грабежот, како и дека е виновен за целата криминална операција.

Се очекува казната за него, како и за двајцата Италијанци, членови на бандата – Алесандро Малтезе и Алесандро Донати – да биде изречена до средината на ноември.

И понатаму, меѓутоа, се трага по четвртиот член на бандата кој учествувал во грабежот. Полицијата го има неговиот идентитет, а знае и дека тој исто така е роден во Србија. Досега истрагата не може да му влезе во трагата, за да биде уапсен. Некои британски медиуми тврдат дека се крие во Белград.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе