Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Бин Салман заговарал убиство на поранешниот крал Абдула

Kremlin.ru, Mohammed bin Salman and Vladimir Putin, CC BY 4.0

Бин Салман заговарал убиство на поранешниот крал Абдула

Сегашниот саудиски крунски принц Мохамад бин Салман, заговарал убиство на поранешниот, остарен крал на Саудиска Арабија, Абдула, со помош на „отровен прстен“ за да се овозможи, неговиот татко – Салман да го заземе престолот.

Вака зборува еден поранешен, висок функционер на саудиската тајна служба кој сега живее во бегалство во Америка.

Во интервју за американската телевизија Си – Би – Ес, Саад ал Џабри тврди дека за можно убиство на тогашниот крал Абдула, актуелниот крунски принц, кој е син на сегашниот саудиски крал, зборувал со својот братучед Мохамед бин Наеф кој, пак, бил крунски принц, во времето кога во 2014 година,  се водел разговорот.

Отровен прстен

Разговорот бил приватен – меѓу двајца блиски роднини, братучеди – и се одржал во кралскиот двор. Но, бил тајно снимен, па за тоа постојат две филмувани копии, кои, според овој екс функционер, се чуваат на тајна локација. На нив, Мохамад бин Салман, на роднината му зборувал дека „Абдула може мошне лесно да се тргне од престолот – со помош на отровен прстен“ – што веќе бил набавен (наводно) од Русија.

„Доволно ќе биде само да се ракувам со него (со кралот), за да отровот навлезе во неговото тело и го убие“ – му рекол Бин Салман на братучедот кој (како што се верува) целиoт разговор го сметал за шега и за несериозен.

Абдула почина во 2015 година, на 90 годишна возраст.

На престолот го наследи неговиот полубрат Салман кој тогаш одлучи, како крунски принц и натаму да остане Мохамад бин Наеф. Две години подоцна, меѓутоа, Наеф беше сменет, а за нов крунски принц беше именуван синот на новиот крал, Мохамад бин Салман.

Дотогашниот крунски принц и братучед беше сменет и од функцијата министер за внатрешни работи, потоа ставен во куќен притвор – без некое објаснување – а од минатата година и уапсен.

Бегство на Ал Џабри

Функционерот на тајната служба Ал Џабри, кој за американската телевизија ја откри целата оваа приказна – веднаш побегнал во Канада – како што сега вели – стравувајќи за својата лична безбедност.

Во интервјуто Ал Џабри кој (во Америка) се сомничи за зделки и бизниси направени во Саудиска Арабија, или за неа,  со измама, зборувал и за работи кои веќе се нашироко познати во меѓународната јавност и поради кои многу држави што имаат односи со Саудиска Арабија настојуваат да немаат никаква комуникација со крунскиот принц.

Без разлика, што на почетокот, од неговото доаѓање на саудиската политичка сцена, имаше висок третман на Западот – означува како новото лице во Ријад и како млад, потенцијален реформатор на ова кралство кое изгледа како се уште да живее во Средниот век.

Убиството на Кашоги

Првата работа за која зборува Ал Џабри е тоа дека крунскиот принц  (практично)  е оној кој владее со кралство, а не неговиот татко. Втората работа, пак, е потврда на веќе присутното сомничење – дека токму Мохамад бин Салман издал наредба за ликвидација – во Турција, во конзулатот на Саудијците во Истанбул – на познатиот саудиски новинар, публицист и политички дисидент – Џамал Кашоги.

Човекот влезе во конзулатот за да земе документи за својата скорешна венчавка со една турска политичка активистка и никогаш од таму жив не излезе.

Ал Џабри тврди дека ( по наредба на принцот) од Ријад биле испратени шестмина оперативци за да ја извршат оваа валкана, криминална работа. И тие тоа го сториле. Но, владата во Ријад, веднаш по интервјуто, ги отфрли сите овие обвинувања кон крунскиот принц, настојувајќи на секој начин да се дискредитира Саад ал Џабри.

Во март минатата година, меѓутоа, саудиските власти ги имаат уапсено и заточено синот и ќерката на Ал Џабри. Во Ријад се верува дека тие се уапсени само за да се натера таткото да се врати во Саудиска Арабија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе