Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Десетмината најбогати олигарси имаат 223 милијарди долари

GoodOlga/Depositphotos.com

Десетмината најбогати олигарси имаат 223 милијарди долари

Русија е во здравствено-епидемиолошка криза каква (велат) немала одамна, нејзината рубља има намалена вредност, а е изложена и на меѓународни санкции, но 2021 година е многу успешна година за најбогатите Руси – покажува најновата листа на милијардерите, што ја има подготвено списанието „Форбс“.

Според оваа листа, десетмината најбогати руски олигарси, годинава, го зголемиле своето богатство на 223 милијарди долари. Во минатата година, нивното богатство било проценето на 152 милијарди.

Мордашов најбогат Русин

Во исто време, има и разместување на олигарсите, според вредноста на нивното богатство. Сега на првото место – како најбогат Русин – се наоѓа Алексеј Мордашов. Неговото богатство е проценето на 29,1 милијарди долари.

Искачувањето на Мордашов на првата позиција е резултат на скокот на цената на акциите на компанијата „Северстал“ и на приватниот рудник за злато „НордГолд“. За една година, овој олигарх станал побогат за 12,3 милијарди.

Двајцата олигарси кои лани беа на првото и на второто место – Владимир Потанин и Владимир Лисин – сега се втор и трет на „топ – тен“ листата на најбогати Руси, иако и тие го имаат зголемено своето богатство.

Потанин во оваа година заработил нови 7,3 милијарди долари, преку металскиот гигант „Норникел“ што е во негова сопственост. Вредноста на акциите на оваа компанија годинава е зголемена за 37 отсто.

Лисин, пак, е побогат за 8,1 милијарди, благодарејќи на тоа што цената на акциите на неговата компанија „Новолипетск – Стил“ во една година се повисоки за 110 отсто.

Пад на Роман Абрамович

„Форбс“ го квалификува како изненадување тоа што меѓу првите десет олигарси го нема Роман Абрамович кој (единствен) ја загуби визата за стален престој во Британија, иако таму има имот, како и Михаил Фридман, без разлика што во 2021 година и двајцата имаат заработено повеќе пари, отколку во 2020.

На листата на десетмината најбогати олигарси, наместо нив, сега се Павел Дуров и Сулејман Керимов.

Дуров е основач на апликацијата за размена на пораки „Телеграм“ и сега е деветти најбогат Русин. Неговиот успех делумно е последица и на проблемите на конкурентската апликација „Whatsapp” која има загубено многу корисници, откако се појави сомнеж со приватноста и безбедноста на податоците. „Телеграм“ сега има над 500 милиони корисници.

Керимов годинава е на десеттото место на оваа ранг листа, затоа што акциите во неговиот (мнозински) пакет во најголемиот руски производител на злато „Полиус“, што инаку изнесува 76 отсто, година се поскапи за 73 отсто.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе