Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Оливија Њутон Џон се лекува со канабис

photoworksmedia/Depositphotos.com

Оливија Њутон Џон се лекува со канабис

Познатата австралиска пејачка и актерка, Оливија Њутон Џон, најпозната по настапот во филмуваната верзија на мјузиклот „Брилијантин“ (со Џон Траволта), призна дека и понатаму продолжува да се бори со ракот на женските гради и дека нејзината болест сега е во четвртата фаза.

„Во основа се чувствувам добро, но има денови кога ми е лошо и кога имам силни болови – кога, едноставно – се ме боли“ – изјавила Њутон Џон во разговор за телевизиската емисија „Тудеј“, прикажувајќи ги своите маки со болеста како некој вид патување, на кое и се случуваат разни изненадувања и пресврти.

Од „градината“ на сопругот

Во разговорот таа има признаено дека сега користи и канабис.

Оваа „тревка“ која и натаму различно се прима и се толкува во светот и од лекарите, пејачката и актерка рекла дека и помага за ублажувањето на болките кога тие ќе настапат. Во оваа прилика, за прв пат открила дека канабисот не го набавува на „илегален пазар“ туку дека го користи оној што го одгледува за неа нејзиниот сопруг!

„Тој е мојата најголема потпора кој постојано ми дава поддршка која ми помогна да опстојам во оваа ситуација. Благодарејќи на него се чувствува дури и среќна” – рекла Австралијанката која сега живее во Америка.

Три децении со ракот

Прв пат, лекарите имаат откриено дека Оливија Њутон Џон има рак, уште во 1992 година. После спроведена хемотерапија и извршена хируршка интервенција, таа се опорави. Но болеста се има вратено – уште на два пати – во 2013 и одново во 2018 година.

„Имам среќа што воопшто се уште сум жива. Кога ќе ти дијагностицираат рак, или некоја друга таква тешка болест, најчесто даваат рок уште колку ти останува од животот. Шест месеци, на пример. И почнувате да верувате дека уште толку ќе живеете. Јас, пак, не сакам никакви статистики и не сакам да бидам дел од нив“ – има речено во една изјава за медиумите оваа храбра жена која се бори со ракот безмалку 30 години.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе