Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

„Не ковид-пропусници туку локдаун“

BalkansCat/Depositphotos.com

„Не ковид-пропусници туку локдаун“

Белградскиот експерт за белодробни болести др. Славица Плавшиќ која е член на невладината група „Обединети против ковид“ изјави дека ситуацијата во Србија со коронавирост е толку тешка, што веќе не е доволно воведувањето ковид – пропусници, туку дека состојбата може да се подобри само со повторното воведување локдаун.

Во интервју за белградската телевизија Н-1, таа го критикува медицинскиот дел од кризниот штаб за борба со пандемијата во Србија што продолжува да стои во сенката на политичарите, обвинувајќи ги лекарите во штабот, затоа што не одлучуваат за она за што се задолжени – за здравјето на луѓето.

Овој експерт им забележува на своите колеги и тоа што не бараат поостри мерки во борбата со пандемијата која силно разгорена во Србија, па земјата од пример во Европа, стана најголемото жариште на ковид во светот.

„За 18 денови 900 починати“

Според Плавшиќ, во периодот меѓу 2 и 20 октомври, во земјата починале 900 лица.

„Станува збор за нечии мајки и татковци, за синови и ќерки. Во овој период се регистрирани девет починати бремени жени, а други 25 се наоѓаат во критична фаза. Четири деца се на респиратори, а едно дете е починато“ – има речено овој експерт која во интервјуто прашува – што уште треба да се случи, па „разумот да победи над безумието“ и епидемијата да се стави под контрола.

За ваквиот развој на ситуацијата, последниве три недели таа ја обвинува Ана Брнабиќ, премиер на Србија, која на седницата на кризниот штаб од 2 октомври се спротивставила на воведувањето построги ковид мерки за смирување на пандемијата. Тогаш Брнабиќ изјави дека „не верува во (нови) мерки, туку во вакцинацијата на населението“ и веднаш предизвика поделена реакција во српската јавност.

Во политичкиот дел на јавноста, во политичкиот врв на државата и меѓу десничарите и анти ваксерите, ваквата одлука на премиерката, беше поздравена и одобрена. Во Србија на сила е само задолжителното носење маска на лице (во затворени, јавни простори), како и одржувањето социјална дистанца – што инаку, велат, никој во Белград и низ земјата, не ги почитува.

Задоцнета одлука

Во другиот дел од јавноста, каде се најголемиот број од лекарите и епидемиолозите кои ја водат битката со пандемијата, кои се спротивставуваат на тоа само политичарите и политичката елита да одлучува за работи кои не ги познаваат, затоа што се медицински и стручни.

Уште повеќе што вакцинацијата е речиси целосно запрена. Од Кина, Србија деновиве има примено уште една пратка со кинеска вакцина од 250 илјади дози, но сега веќе никој во Србија не сака да се вакцинира, па целиот процес како да не постои.

Реакцијата на др. Плавшиќ доаѓа по новото соопштение од кризниот штаб (и на премиерот Брнабиќ) дека се воведуваат ковид – пропусници и во Србија, но тие ќе се бараат после 22 часот и само во угостителските објекти. Овој белградски експерт тврди дека одлуката е задоцнета, како и дека е смешна,  затоа што никој и никаде нема воведено време од кога таквата „зелена пас – карта“ почнува да важи.

„Вирусот нема часовник“

Со тоа се согласуваат и други лекари, оценувајќи дека во сегашните услови во Србија, пропусницата нема да има никаков ефект врз пандемијата. Не само затоа што почнува да важи доцна навечер, додека бројот на новозаразените секој ден продолжува да расте – до над осум илјади, а смртноста (официјално) дневно се искачува до безмалку 60 лица.

Според овој експерт „вирусот нема часовник“ и не може заштитата од него да почнува од доцна навечер. Таа смета дека е потребна важност од 24 часови, како што е во сите земји каде има ковид-пропусници.

И, конечно, тие не може да важат само за кафеаните, рестораните и ноќните клубови, кога се знае дека голем број млади се заразени на разните концерти и јавните забавни случувања, на кои слободно се присуствува – без маски и дистанцирање. Како се да е нормално и како земјата да не се наоѓа во најголемата здравствена криза од почетокот на пандемијата.

„За Србија, затоа, во овој момент нема друга корисна мерка, освен целосен локдаун – карантин, од барем две недели“ – тврди оваа белградска лекарка.

(Д.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе