Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Бубрег од свиња пресаден на човек

lu77/Depositphotos.com

Бубрег од свиња пресаден на човек

Американски хирурзи соопштија дека извршиле успешно пресадување бубрег од свиња на човек.

Пациентот врз кого била извршена оваа експериментална трансплантација, веќе бил во тешка состојба – се одржувал во живот на вештачки начин, со помош на медицински мешини и – според американските медиуми – бил без шанси да се опорави.

Се смета дека овој експеримент, доколку успее до крај, а потоа и заживее како пракса, би можел да ги реши проблемите што сега се јавуваат со недостигот на донори на органи.

Бубрегот што е вграден во телото на тешко заболениот пациент, бил земен од генетски модифицирана свиња, за да се спречи човечкото тело да го „препознае“ како страно тело и да го отфрли.

Веднаш по направената трансплантација, лекарскиот тим два дена интензивно проверувал за да утврди дали телото на пациентот го прифатило свинскиот бубрег. Утврдено е дека овој бубрег функционирал исто како да бил вграден нов и здрав човечки бубрег.

Трансплантацијата и целата работа околу подготовката за овој експеримент, се уште не е детално обелоденета – освен она што е досега постигнато. Меѓутоа, медицинските експерти се задоволни и истакнуваат дека станува збор за најнапреден експеримент што досега бил направен.

Вакви тестирања се правени врз животни, а ова е прв случај – тестот да се направи и врз човек.

Користењето на органите од свињи за трансплантација, не е нова идеја. Особено што срцеви залистоци, земени од свиња, од поодамна успешно се пресадуваат на луѓе.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе