Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Претрес на имотот во САД на путиновиот олигарх

Shinsuke Ikegame, F B I (3769245201), CC BY 2.0

Претрес на имотот во САД на путиновиот олигарх

Американското ФБИ изврши детален претрес на две куќи во Вашингтон и една во Њујорк, сите поврзани со рускиот милијардер и олигарх Олег Дерипаска, инаку мошне близок со претседателот Владимир Путин и дел од богатата и силно влијателна руска клепотократија, создадена во Русија во последниве 20 години.

Дерипаска (53) од 2018 година е под американски санкции. Неговиот портпарол има изјавено дека “претресот што го направиле оперативците на ФБИ е спроведен со судски налог и е поврзан со санкциите, но дека претресуваните куќи – се на негови роднини“.

„Кралот на алуминиумот“

Според американските медиуми, полицијата од сите три станбени објекти има однесено десетици кутии со „доказни материјали“. Објектите се оградени и обезбедувани од полицијата, но ФБИ одбива да ја објасни својата акција. Претставник на Федералното биро има само речено дека за тоа „постои налог и дека целата постапка се спроведува врз основа на законот“.

Не се знае зашто се претресувани куќите на Дерипаска и зашто тоа е направено токму сега.

Олег Дерипаска има создадено огромно богатство, преку пазарот на суровини и метали во Русија. Важи за „кралот на алуминиумот“ и за таа позиција – според западни безбедносни сознанија – во годините на почетокот од руската транзиција и посткомунизмот – била водена вистинска војна, во која (се тврди) се убиени и загинати околу 200 лица.

Официјално тој почнува во овој бизнис како брокер на метали во деведесеттите години на 20 век. Во 1997 година го создава големиот и можен труст „Бејсик Елемент“ – еден од најголемите во Русија – што и сега го поседува.

Санкции за Дерипаска

Во 2018 година, американското министерство за финансии воведе санкции против Дерипаска, против шестмина други како него олигарси и против компании кои се сосема блиски на власта во Русија. Тогашниот американски министер за финансии Стив Мјукин, има речено дека „санкциите се одговор на САД за мешањето на Русија во американските претседателски избори во 2016 година“.

Таквата активност на Русија е означена како „малигна и закана за целиот свет“.

Во соопштението на американското министерство уште се вели дека „руските олигарси и руската елита кои профитираат од рускиот корумпиран систем, повеќе нема да можат да останат неказнети за последиците на дестабилизирачката активност на влада на Русија“.

Меѓутоа, една година подоцна Доналд Трамп ги укина санкциите за три руски компании, поврзани со Дерипаска, иако санкциите против него останаа и понатаму.

Контроверите околу Дерипаска и неговата улога во големиот бизнис и во служењето на руската политика, се многу пошироки и тргнуваат од Балканот (замешаноста во Црна Гора, се до пресвртот што црногорски претседател Мило Ѓукановиќ го направи – свртувајќи се од Истокот и од Москва, кон Западот и влегувајќи во НАТО), па се до врвовите на американската политика.

Соработник со Пол Манафорт

Овој руски олигарх беше близок со Пол Манафорт, екс директор на кампањата на Трамп за изборите во 2016 година, за кој (инаку) Русинот е под американски санкции.

По избувнувањето на скандалот со „руската врска“ во изборите, Манафорт мораше да поднесе оставка на функцијата во изборниот штаб на Трамп, а подоцна да биде и обвинет и осуден на неколку години затвор – за измама и за лажење во истрагата.

За Дерипаска се тврди дека преку бизнисот е вмешан во политиката на САД, а тоа значи дека таа вмешаност допира дури до Москва, уште и пред да избувне скандалот за кој Манафорт, како соработник на рускиот олигарх за “инвестициски прашања“ – отиде во затвор.

Целата приказна, заврши така што на само три недели, пред да си замине од Белата куќа, Доналд Трамп целосно го помилува Пол Манафорт.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе