Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Британија со над 50 илјади новозаразени – дневно

AlenaKr/Depositphotos.com

Британија со над 50 илјади новозаразени – дневно

Британските здравствени власти пријавија најголем број новозаразени лица со коронавирусот во последните три месеци – од над 50 илјади во 24 часови – бројка која последен пат беше регистрирана во почетокот на јули, кога во Англија на сила беа бројни рестрикции.

Бројот на новите инфицирани сега е далеку највисок во споредба со другите западноевропски држави, па и со целата ЕУ и тој изнесува над 60 отсто во изминатите 30 денови!

Повеќе новозаразени од лани

Од средината на јули, британската влада се определи за радикална промена во борбата со пандемија – па после сто денови остри рестрикции и локдаун – премиерот Борис Џонсон објави дека „Британците ќе мора да се навикнат да живеат со ковидот и со вирусот“, како и тоа дека “не може пандемијата да ја управува земјата, прикована за болеста“.

Тогаш се пушти и пораката – дека животот тече и понатаму, па престана да важи ограничувањето за социјално дистанцирање (до два метри оддалеченост), во пабовите беше дозволено да работата со целосен капацитет, а ноќните клубови ги отворија своите врати за гостите.

Сепак, сегашната бројка на новозаразени е повисока од онаа во истото ова време во минатата 2020 година – кога имаше локдаун.

Во исто време, поради високиот процент на вакцинирани кај возрасното население и релативно помалиот број анти-ваксери од земјите во европското соседство, бројот на хоспитализираните, иако е значително зголемен во последно време, е помал од минатогодишниот, во октомври.

Улогата на заштитните маски

Смртноста, за која властите не зборуваат многу, е исто така зголемена и дневно осцилира, достигнувајќи и до 125 починати, што е помалку од некои држави на истокот од ЕУ, како во Бугарија, на пример, каде таа достигнува и до 215 во период од 24 часови, или во Русија каде се надмина границата од илјада мртви за еден ден. Но, смртноста во Британија продолжува да биде висока и покрај инсистирањето за успешната масовна имунизација на домашното население.

Во едни вакви услови, британските здравствени експерти се прашуваат – што е тоа што го предизвикува сегашниот нов бран заразени лица.

Едно од објаснувањата е (не)носењето заштитни маски на лицето. Британците продолжуваат да се фалат дека тие помалку ги имаат користено од луѓето во Германија, Франција, Италија или Шпанија – или дека веќе не ги употребуваат на јавни места, во затворени простории.

Во овие четири западни европски држави, сегашната бројка на новозаразени е помала од онаа во Британија, но експертите не можат прецизно да определат дека токму носењето маски е објаснување за разликата во бројките.

Избрзано олеснување на мерките?

Факт е дека маските помагаат и тоа многу – да се спречи вирусот да се префрла од едно лице на друго. Сепак, кога треба да се каже дека носењето маска ја намалува епидемијата, лекарите имаат помалку прецизни докази дека тоа е така. За пример се земаат една Шведска или Холандија, каде маските се помалку употребувани отколку во Британија, но овие две држави имаат помалку новозаразени отколку Британија.

Друго прашање е дали олеснувањето на мерките за заштита во Британија, што беше порано изведено отколку на континентот, во Европа, дојдоа прерано и пребрзо.

За разлика од Европа, Британците од порано влегуваат без ограничувања во барови, клубови и ресторани, како и на спортски приредби, посебно, фудбалски натпревари – како да е пандемијата веќе победена. Тоа се однесува и на користењето јавен транспорт.

Во секој случај, прашањето за што е тоа што го покрена сегашниот бран на пандемијата, останува без прецизен одговор, освен дека вирусот е се уште жив и продолжува да мутира во нови врсти.

Запрена имунизација

Факт е дека вакцините го запре вирусот, иако тој не е совладан. Вакцинираните се помалку ризични да завршат во болница, или да починат, од невакцинираните. Во Бугарија, на пример, како земја членка на ЕУ – дури 95 отсто од новопочинатите биле невакцинирани.

Сепак, направените студии укажуваат дека во зависност од имунолошкиот систем на луѓето, а тој е различен кај секој човек, вакцините после шест месеци слабеат, односно ослабнува нивната борбена способност против вирусот.

Тоа го покажува примерот на Израел, земја која беше земена за пример, според успешно извршената масовна имунизација, И оваа земја, во еден период годинава, се соочи со силен нов бран од новозаразени, за кој сега се вели дека бил неутрализиран – со давање нова, трета доза вакцина за постарите и хронично заболените.

Експертите сметаат дека тука е објаснувањето и за сегашните случувања во Британија. Посебно кога станува збор за вакцинацијата.

Британците продолжуваат да се фалат дека се меѓу најуспешните земји, но малку се зборува дека процесот на имунизација (практично) е запрен. Дури и вакцинацијата на старите и изнемоштените кои еднаш веќе се вакцинирани. Британија веќе не е на листата на 10 најуспешни држави според бројот на вакцинирани на еден милион население.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе