Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Русија со честитка и казни за новинарите

Русија со честитка и казни за новинарите

Официјален Кремљ со куса изјава на неговиот портпарол Дмитри Песков, му честита на главниот уредник на рускиот независен весник „Новаја Газета“ – Дмитри Муратов добивањето на Нобеловата награда за мир ( заедно со Филипинката Марија Реса) ,

И обајцата имаат работено- како што се вели во обрзложението на наградата- за одбрана и за заштита на слободата на изразувањето – која во исто време е означена и како награда за истражувачкото новинарство.

Меѓународната јавност со одобрување ја прими одлуката на Нобеловиот комитет за мир во Осло, означувајќи ја како „потврда дека слободата на изразувањето е услов за демократијата и за мирот“ и како показ за „ суштинската улога на независното новинарство“.

Реса и Муратов

Филипинката Реса која чека епилог од судењето на кое е изложена во својата земја, главно работи на теми сврзани со злоупотребата на моќта, на употребата на насисилството на власта и на авторитаризмот во Филипините.

Русиниот Муратов, пак, еден од оние кои во 1993 година го создадоа весникот „Новаја Газета“, со години на ред е силен бранител на слободата на говорот во Русија, каде тоа се повеќе станува исклучително опасен предизвик.

Дури шестмина новинари на овој весник се убиени  во текот на извршувањето на својата работа, меѓу нив и Ана Политковскаја, која беше ликвидирана, од професионален убиец пред куќата во која живееше. Но и покрај тоа, за Муратов се вели дека без страв , продолжува да ги брани правата на руските новинари.

А, тоа, велат , е опасна рабита во оваа земја, особено што „Новаја Газета“ , последниве години се занимава со истражувањето на разните руски, паравоени единици, кои дејствуваат низ светот, како и на силното прогонување на сите припадници на т.н. „сексуално малцинство“ во екстремистичката , конзервативна, мулиманска република Чеченија.

Новинари „странски агенти“

И покрај несогласувањата и честите критики на работата на овој весник, власта му ја честиташе наградата на Муратов. Подолго време еден Русинец нема примено Нобелова награда.

Но, веднаш потоа, руското министерство за внатрешни работи побраз да ја покаже реалноста во земјата и тоа каков е вистинскиот однос на власта кон новинарите, новинарството и нивната независност во работењето и при истражувањето- додавајќи на списокот на новинари – „странски агенти“ низа други имиња, меѓу нив и петмина од Радио Слободна Европа и еден од Би-Би-Си, од нивните руски секции. Сите руски државјани.

Законот за тоа дека работењето за странски агенции и организации се означува како „странска агентура“ е донесе во 2012 година. Тогаш, со него се  бараше сите невладини организации (НВО) кои примаат странска финансиска помош, а за кои власта во Москва смета дека се занимаваат со политика, која се означува и како „анти-руска“, да бидат означени и регистрирани како „странски агенти“. Тие освен тоа, се определи да се третираат како странски фирми кои се подолжни на даночна контрола.

Подоцна, меѓутоа, откако Русија речиси расчисти со НВО, законот се насочи на медиумите во Русија, кои на еден, или на друг начин, се финансиски помагани од странство, а во тие рамки беше ставена и руската редакција на Радио Слободна Европа (РСЕ) , заедно со низа негови новинари.

Петиција до Путин

По доделувањето на Нобеловата награда за новинарот Муратов, низа познати руски новинарски имиња се додадени на списокот на „странските агенти“ што го покажува и вистинското мислење за Нобелот на главниот уредник на „Новаја Газета“.

Сега се додадени и истражувачкиот проект Белингкет, кој меѓудругото, работеше и ја разоткри висината за тоа кои, навистина, стои зад обидот да се убие ( со нервниот агенс новичок) поранешниот руски разузнавач кој како бегалец сега живее во Британија.

Додадени се и низа организации и агенции кои ги покриваат секторите за медиумски слободи и за еколошки активности, како и поедици за кои власта смета дека работат за „странски, а против руските интереси“.

Досега на списокот на „странски агенти“ се означени 85 лица и агенции. Меѓу нив, дури 68 се внесени од почетокот на оваа година.

На 1 септември, главните уредници и издавачите на повеќе од 20 руски независни медиуми, се огласија со јавно барање до рускиот претседател да се укине овој закон.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе