Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Загина карикатуристот што го исмеваше Мохамед

User:OlofE, Lars Vilks (cropped), CC BY 3.0

Загина карикатуристот што го исмеваше Мохамед

Шведскиот карикатурист и познат тамошен илустратор Ларс Вилкс (75) загина во сообраќајна несреќа, патувајќи со автомобил во јужна Шведска.

Тој со години на ред живееше со полициска заштита, откако во 2007 година има нацртано и објавено карикатура на муслиманскиот пророк Мухамед, така што неговата глава е ставена во тело на куче.

Полицајци во цивили патуваа со него и додека тој некаде патуваше.

Овој пат, Вилкс патувал во необележано возило на шведската полиција, заедно со уште двајца полицајци без униформи. Во текот на патувањето, нивното возило се судрило со камион, кај местото Маркарид.

Со години под полициска заштита

Од силината на ударот карикатуристистот Вилкс и двајцата полицајци загинале на местото на сударот. Возачот на камионот бил повреден и пренесен во болница, но тој подоцна бил одведен на сослушување. Засега нема навестување дека станува збор за „наместена“ несреќа, како и за можноста карикатуристот да е убиен, како одмазда за направената карикатура пред 14 години.

Карикатурата има предизвикано силен гнев кај муслиманите низ светот и во самата Шведска, сметајќи како навреда на пророкот, како и за сите муслимани и исламската религија.

Во разни делови од исламскиот свет тогаш имаше повици за одмазда, Вилкс беше осуден на смрт, а Ал Каеда во Ирак распиша награда од над 100 илјади американски долари за оној кој ќе го убие карикатуристот.

Тогашниот шведски премиер Фредерик Рајнфелд им се извини на муслиманите и ги повика амбасадорите на 22 муслимански земји, акредитирани во Стокхолм за да го изрази своето несогласување со една таква карикатура. Но, властите во Шведска, сепак, му дадоа полициско обезбедување на Вилкс, откако тој продолжи да прима анонимни заканувачки писма и пораки.

Сето тоа ги покрена сомнежите дека сударот со камионот во кој загина Вилкс е дел од некаков „заговор” за казнување на карикатуристот кој го навреди муслиманскиот пророк. Нервозата во исламскиот свет се зголеми затоа што карикатурата во Шведска се појави една година по сличната илустрација на Мохамед во Данска.

Има – нема заговор?

Врв на таквиот бес на милитантните исламисти – џихадисти кои војуваат со Западот и западната цивилизација, беше нападот врз редакцијата на сатиричниот француски весник „Шарл Ебдо“ каде беа убиени десетина лица, меѓу нив водечките карикатуристи и пишувачи на текстови.

Шведската полиција, меѓутоа, засега не покренува истрага за убиство, иако истрагата ја води едно специјално одделение на тамошната полиција. Тоа се објаснува со смртта на двајца полицајци.

За сударот кај Маркарид се вели дека нема сознанија за терористички напад, или за заговор, затоа што властите немаат сознанија дека Ларс Вилкс, во последно време, бил изложен на некоја нова и посебна закана.

Сведоци тврдат дека возилото во кое биле сите жртви се движело брзо и дека непосредно пред силниот удар направило „некое чудно движење“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе