Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Луксембург со најмногу автомобили

Mircea Moira/Depositphotos.com

Луксембург со најмногу автомобили

Малото кнежевство Луксембург, сместено меѓу големите Германија и Франција, како и Белгија, каде се наоѓа поголемиот дел од географската област Луксембург, има најмногу автомобили по глава на жител во ЕУ.

Според официјалните податоци на Евростат, во 2019 година кнежевството имало регистрирани 681 патнички возила на илјада жители. Речиси една петина од нив, се помлади од две години. На второ место е Италија со 663, па Кипар со 645 и Финска и Полска, со по 642 автомобили на илјада жители.

За разлика од оваа група земји, членки на Унијата, најмалку меѓу нив има Романија – 337 патнички возила на илјада Романци. Пред неа се Летонија (381) и Унгарија (390) возила на исто толку население.

Истокот пред сите – само Бугарија назадува

Што се однесува до бројот на регистрираните автомобили, пред сите е Германија, каде во 2019 година биле регистрирани 48 милиони возила, а по неа следат Италија со 40 и Франција со 32 милиони патнички возила.

Евростат укажува дека најголем пораст на возила, во периодот 2015/2019 година бележат нововлезените земји – членки од Источна Европа – пред сите, тоа е Романија со раст од 34 отсто, а по неа следуваат – Литванија, Унгарија, Словачка и Полска.

Бугарија е единствената од земјите на ЕУ каде во 2019 година биле регистрирани помалку автомобили во споредба со 2015. Дури за 11 отсто помалку, што е уште еден показател за кризата и за назадувањето на оваа балканска членка на Унијата, која сега е убедливо последна и најнеразвиена меѓу сите 27 земји во ЕУ. Дури и зад Хрватска која во големата европска заедница е од јули 2013 година.

Од друга страна, една друга поранешна комунистичка земја, која има силно напреднато по влегувањето во ЕУ, каква што е Полска, има најголем процент на стари патнички возила, постари од 20 години – дури 38 отсто. По неа, со помал процент се балтичките земји и Финска. Кога станува збор за регистрирани нови возила, не постари од две години, на челото се Ирска и Луксембург и Данска и Белгија.

Хибридните возила и натаму во малцинство

Низа земји на ЕУ, во изминатите години имаат нудено субвенции за купување ново возила, наместо стари, со мала емисија на штетните гасови, што помогна, речиси во сите земји, да се подобри староста на патничките возила кои се користат во градовите и се среќаваат по патиштата.

Сепак, истражувањето на Евростат, покажува дека иако бројот на нови возила е зголемен насекаде, автомобилите на алтернативни горива, како што се хибридните возила, продолжуваат и натаму да бидат во малцинство.

Кога станува збор за кнежевството Луксембург, тоа е пред сите во Европа, според бројот на патнички автомобили, по глава на жител, веќе 30 години.

Малата државичка има и највисок БНП, по глава на жител во Унијата, но во случајот на возилата, на високиот процент влијае и местоположбата на земјата. Особено тоа што голем број од вработените Луксембуржани, живеат во една од трите соседни држави, а на работа доаѓаат со автомобили на компаниите и фирмите во Луксембург, што таму се и регистрирани.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе