Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Помпео и ЦИА планирале киднапирање на Асанж?

Помпео и ЦИА планирале киднапирање на Асанж?

Американската администрација во времето кога претседател беше Доналд Трамп, заеднички работела со ЦИА на планови за киднапирање, или дури и за атентат врз основачот на Викиликс, Џулијан Асанж – тврдат некои американски и европски медиуми, повикувајќи се на изјави и разговори со поранешни оперативци на разузнавачката агенција.

Според Јаху Њуз, некои од овие операции требало да се извршат во времето додека овој поранешен австралиски хакер, кој се прикажува како новинар, беше во самозаточеништво во зградата на амбасадата на Еквадор во Лондон.

Асанж таму побегна и веднаш доби политички азил од поранешните левичарски и антиамерикански власти во Кито, во јули 2012 година, откако британскиот Врховен суд ги отфрли сите жалби на Австралијанецот на првичната пресуда на лондонскиот Виш суд.

Со правосилна пресуда, тој требаше да биде екстрадиран во Шведска, за сослушување поради обвинувањето за сексуално насилство и за силување, извршени во Стокхолм. Инцидентот се случил во 2010 година, а тужителки беа две девојки, инаку претходно, блиски соработнички на Асанж во шведската филијала на Викиликс.

„Опсесија со Викиликс“

Сценаријата кои се опишуваат во медиумите предвидувале тој да биде грабнат од зградата на еквадорската дипломатска мисија, за да се пресече настојувањето на Русија и на нејзината тајна служба, да го извлечат Асанж од таму, или пак, едноставно, врз него да се изврши атентат.

Ниедна од ваквите операции никогаш не биле ниту потврдени, ниту пак, одобрени, но медиумите кои тврдат дека ги откриваат, инсистираат дека сите вакви сценарија ја потврдуваат “опсесијата на тајната служба“ со Викиликс, како и со неговиот (во најмала рака) контроверзџен основач.

За ваквите стории, медиумите се повикуваат на разговори со, како што се тврди, триесетина поранешни американски функционери во ЦИА, на разни нивоа, од кои осуммина зборувале за плановите непријателскиот кон САД Асанж да биде киднапиран од лондонската амбасада на Еквадор.

Целата оваа активност во разузнавачката агенција се случувало во текот на 2017 година, во време кога директор на ЦИА беше Мајк Помпео, подоцна државен секретар на САД и еден од најлојалните функционери кон Трамп, во поранешната администрација на САД.

Во служба на Москва и на Трамп

Сите операции се покренати од март таа година, откако Викиликс претходно го има објавено каталогот со хакерски орудија што ЦИА ги има развиено. Тоа се уште се означува како најголем и најсериозен хакерски напад и упад во американската разузнавачка агенција, после која, Помпео (наводно) станал „опседнат“ да се пресмета со страницата на Асанж.

Се верува дека хакерскиот напад го има извршено Русија, нејзината тајна служба, специјализирана за вакви операции.

Москва беше длабоко замешана во американските претседателски избори во 2016 година, настојувајќи да им напакости на Демократите во САД и на фаворизираната Хилари Клинтон, за сметка на богатиот Трамп, како републикански кандидат – целосен новак во политиката, но и човек со „тежок карактер”, со непредвидливо однесување, што, меѓутоа, на Русија и на Кремљ им одговараше.

Медиумите сега тврдат дека зградата на амбасадата на Еквадор, каде побегна и се криеше Асанж, во тоа време била постојано „надгледувана и прислушувана барем од три различни тајни служби“, како и дека биле следени сите активисти и вработени во Викиликс.

Така или не, на Асанж ништо не му се случи.

Протерување од еквадорската амбасада

Ниту беше грабнат од Американците, ниту Помпео или Трамп имаат издадено налог за киднапирање и за ликвидација.

Тој остана да си живее во едно крило од зградата на еквадорската амбасада, се повеќе создавајќи проблеми за дипломатскиот персонал и се почесто влегувајќи во судир со дипломатите, пред се, поради неговиот карактер, што и го има доведено во таква ситуација.

Дури се разбра дека стапил во љубовно-сексуална врска со својата адвокатка, со која во тие години на заточеништво има и две деца. И. тоа во времето кога неговите поддржувачи „пуштаа вести“ во јавноста дека е на работ од нервен слом и дека (наводно) размислува за самоубиство – поради осаменост и изолација.

Тоа траеше се до моментот кога владата во Кито му го одзеде доделениот азил, па Асанж мораше да излезе од зградата на амбасадата, каде британската полиција веднаш го уапси затоа што го прекрши законот за условна слобода, бегајќи од куќата што судот му ја имаше определено. Сега е во затворот во Лондон, каде ја издржува казната за ова кривично дело.

Спротивставени приказни

Приказната дека ЦИА и Мајк Помпео правеле заговори за да се казни (ликвидира) Асанж е сосема спротивна од јавните изјави на Трамп кој му беше благодарен на Викиликс што ја „уништува“ Клинтон во очите на американските гласачи.

Токму Трамп го фалеше Асанж за помошта што му ја дава со објавувањето на приказните за тоа дека Хилари повремено испраќала службени мејлови од својата куќа во Вашингтон, за што по митинизите низ САД бараше да и се суди за „издавање државни тајни“.

А, особено за појавувањето на хакираните информации од изборниот штаб на Демократската партија во екот на изборната кампања и непосредно пред ноемвриското гласање.

Безбедносни експерти, уште додека Трамп беше во Белата куќа, имаат оценето дека сите вакви „валкани потези“ што Викиликс и неговиот газда ги имаат направено, божем во „служба на вистината“, потекнуваат од сознанијата што им ги имаат обезбедено Русија и тамошните хакерски служби.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе