Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Враќање на АББА по 40 години

AVRO, ABBA1974TopPop, CC BY 3.0

Враќање на АББА по 40 години

Легендарната шведска поп група АББА се враќа на музичката сцена – со нов албум – по пауза од речиси 40 години. Следната година тие планираат да одржат и еден холограмски концерт, во Лондон – се вели во информацијата на нивната интернет страница.

АББА станаа славни по нивниот настап и победата на фестивалот Песна на Евровизија, на почетокот од седумдесеттите години на 20 век, со песната „Ватерло“. Тоа беше и нивниот прв европски хит, па во следните десет години групата стана една од најпродаваните поп групи во историјата на популарната музика.

Дури 400 милиони продадени албуми имаат оставено зад себе членовите на АББА, а нивните хитови и песни се уште се „вртат“ и се слушаат, сега и на Јутјуб, одржувајќи ја на тој начин популарност и кај генерациите родени пред, но и многу по нивното распаѓање, во 1982 година.

Од тогаш, шведската четворка немаат заедно одржано ниту еден концерт, ниту пак направено и издадено нов сингл.

Сега, меѓутоа, го најавија својот нов албум „ABBA Voyage”, што треба да се појави на 5 ноември, или за два месеци. На него има десет песни.

Две од нив, веќе се пуштени на пазарот и може да се слушнат на интернет – “Still have faith in you”, како и “Don’t shut me down”.

Од растурањето на групата, во 1982, тие одбиваа одново да се соберат, дури и за настап за хуманитарни цели. Сега велат дека албумот настанал, откако се договориле да снимат дигитален концерт.

Во изјава за медиумите, на која се појавил само машкиот дел од групата, било речено дека на почетокот и не размислувале за нов албум.

„Прво беа само две песни, а потоа рековме дека можеби можеме да снимиме и уште неколку. И така се случи тоа“ – рекол Бени Андерсон. Сите нумери се дело на тандемот Улваеус/Андерсон

Во меѓувреме, прославените АББА се покажа дека не се заборавени, па после безмалку четири децении отсуство, групата е одново на британската Топ-листа на десет најслушани хитови.

Хитот “Don’t shut me down” веднаш беше пласиран на деветото место. Во првата недела по објавувањето оваа нумера е втората најмногу “симнувана“ песна и во „стримингот“  е преземена 2,3 милиони пати. На Јутјуб и дури 17 милиони пати.

Тоа е прв хит на АББА што се нашол меѓу првите десет на британската Топ-листа од јануари 1982 година, од времето на нивниот хит „One of Us”. A, во исто време станува збор за дваесетиот хит на групата кој достигнал на Топ-тен.

Вториот сингл засега е на 14 место. Групата е во истиот состав, но сега сите се на возраст од над 70 години –  Бјорн Улвеус (76),  Ани-Фрид Лингстад (75), Бени Андерсон (74) и Агнета Фалтског (71).

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе