Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Шест земји без корона

PrimDiscovery/Depositphotos.com

Шест земји без корона

Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека глобалната пандемија со коронавирусот е потврдена во дури 163 држави во светот, членки на ОН. Вирусот што сега се јавува во неколку мутирани форми официјално е регистриран на сите континенти, освен на Антарктикот.

Според тврдењето на тамошните власти, короната не е откриена во само во шест земји, иако нема верификација на СЗО дека е тоа навистина така. Станува збор за две држави во Азија – Северна Кореја и Туркменистан, како и четири други во реонот на Австралија/Океанија. Тоа се малите островски држави – Кирибати, Науру, Тонга и Тувалу.

До скоро, без вирусот беше и пацифичката држава – архипелаг Палау која ја сочинуваат стотина помали и поголеми острови, но таму неодамна бил откриен првиот случај на инфицираност со короната. И Палау, како и другите четири земји од Океанијата, на секаков начин гравитираат кон Нов Зеланд и кон Австралија, каде нивните жители најчесто заминуваат на работа, за учење и за потешки лекувања.

Случајот на Северна Кореја

Северна Кореја на диктаторот Ким Јонг – ун, која со децении живее во целосна самоизолација и под меѓународни санкции – официјално – важи за најголемата земја во која нема коронавирус, иако во тоа не верува никој – а, посебно не веруваат здравствени експерти.

Тамошните власти, пред крајот на јули годинава, објавија дека во карантин е ставен градот Кесонг, што се наоѓа на граничната линија со Јужна Кореја. Градот кој е познат по борбите од времето на Корејската војна (1950 – 1953 година), беше во карантин откако се соопшти дека било откриено едно лица за кое постоел сомнеж дека е инфицирано со короната. Како што тоа таму обично се случува, подоцна таа вест не беше ниту потврдена, а ниту демантирана, па остана нејасно што навистина се случило.

Во секој случај, властите во Пјонгјанг досега немаат соопштено дека во нивната земја има заразени со смртоносниот вирус, па службено и натаму, Северна Кореја е корона – фри земја.

Слична е состојбата и околу поранешната советска република Туркменистан, затоа што и таму, досега, нема пријавен случај на вирусот, што, инаку, насекаде околу, во реонот на Средна и на Централна Азија има предизвикано и голем број заразени и многу смртни случаи.

Туркменистан и Океанија

Во соседен Иран, на пример, има безмалку 900 илјади инфицирани, додека во Казахстан, другата земја во соседството, короната е широко распространета, со над 135 илјади заразени лица.

Од време, на време има информации дека има граѓани на Туркменистан кои се заразени со вирусот, како и за тоа дека во земјата има починати лица. Но, тамошните власти, како и севернокорејските, немаат пријавено заразени со вирусот – до СЗО, ниту пак потврдено за сопствената јавност за тоа дали има, или нема корона.

Официјално, нема коронавирус од било кој вид, ниту на четирите островски земји од пацифичкиот регион, и покрај тоа што короната е присутна насекаде околу нив. И, во Австралија, а и во до скоро, без малку „ослободениот“ од вирусот Нов Зеланд.

Најнаселена е Кирибати, на која живеат над 120 илјади жители. Најмалечка е Науру, која по површина е помала од скопските општини и во која живеат 12 илјади жители. Овие земји во светот најмногу се познати како „рајски места“ за „перење пари“ и за одбегнување плаќање данок.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе