Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Децата на Кенеди поделени околу Сирхан

Децата на Кенеди поделени околу Сирхан

Шесте деца на убиениот американски сенатор Роберт Кенеди испратија отворено писмо до американската јавност во кое ја изразуваат својата огорченост од предлогот на Одборот за помилување на сојузната држава Калифорнија – убиецот на нивниот татко – Сирхан Сирхан да биде пуштен од затвор на условна слобода.

Ваква одлука Одборот има донесено во првостепена постапка. Според американските закони, сега е потребно одлуката да биде потврдена и во второстепена постапка, кога Одборот ќе мора да заседава во полн состав. За да стане правосилна и Сирхан да биде пуштен на слобода, потоа, ќе биде потребно одлуката да ја потврди и да ја потпише и гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом.

Гневна реакција

Во писмото на Џозеф Канеди, како и на Кристофер, Кортни, Кери, Макслеј и Рори Кенеди се вели дека тие се поразени од веста и од препораката да се пушти на условна осуда човекот кој го уби нивниот.

„Откако ни го одзедоа таткото, а и го одзедоа и на цела Америка, не можеме да веруваме дека еден таков човек може да биде ослободен“ – се вели меѓу другото во писмото.

Гневната реакција доаѓа откако најстарата кенедиева ќерка Кетрлин Кенеди – Таунсенд, како и нивната мајка – вдовицата Етел Кенеди, засега, се немаат огласено за предлогот врзан за Сирхан. Но, најмладиот син Даглас, кој во време на убиството беше бебе, има изјавено дека предлог – одлуката на Одборот за помилување ја одобрува и смета дека Сирхан треба веќе да се пушти на условна слобода. Со одобрување се има огласено и синот Роберт Кенеди – Јуниор.

Обвинителството на Калифорнија не се согласува со предлогот на Одборот за помилување.

Браќата Кенеди

Сенаторот од Њујорк, Роберт Кенеди во текот на својот живот, со својата сопруга, имаше 11 деца. Две од нив во меѓувреме се починати. Едниот син од рак на коските.

Таткото Кенеди беше убиен во 1968 година, во еден хотел во Лос Анџелес, за време на предизборната кампања која ја водеше за претседателска номинација на Демократската партија за изборите за Белата куќа таа година.

Во САД, посебно во редовите на традиционалните демократски гласачи, се уште се верува дека доколку не беше убиен, Роберт Кенеди ќе ја добиеше номинацијата на својата партија и ќе победеше на претседателските избори во ноември 1968. На тие избори победи републиканецот Ричард Никсон.

Кенеди беше помлад брат на претседателот на САД, Џон Кенеди кој во ноември 1963 година, неполни пет години пред тоа, беше (исто така) убиен во атентат во Далас, во Тексас. Роберт Кенеди во администрацијата на својот брат беше министер за правда и државен јавен обвинител на САД.

Убиецот не се сеќава на убиството

Веднаш по убиството, Сирхан Сирхан, инаку Палестинец – христијанин од Јордан беше фатен и осуден на смрт. На судењето се бранеше дека се одлучил на таков чекор затоа што бил „гневен на Роберт Кенеди кој му давал поддршка на Израел“. И тогаш, а и сега тврди дека не се сеќава на убиството. Има изјавено дека после половина век во затвор „научил да го контролира својот гнев“.

Кога во 1972 година во Калифорнија беше укината смртната казна, казната за Сирхан беше претворена во доживотен затвор. Тој сега има 77 години и во затворската ќелија е од 1968 година.

Во второстепената постапка Сирхан ќе треба да сведочи и да биде сослушуван. Тоа ќе биде негово 16-то по ред сослушување во кое ќе се бара да биде пуштен од затворот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе