Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Делта Ерлајнс“: Невакцинираните ќе плаќаат екстра такса

tupungato/Depositphotos.com

„Делта Ерлајнс“: Невакцинираните ќе плаќаат екстра такса

Американската авионска компанија „Делта Ерлајнс“, трета по големина во САД, воведува екстра надоместок – давачка во пари, која ќе мора да ја плаќаат вработените кои се уште не се вакцинирани против коронавирусот.

Овој надоместок изнесува 200 долари и компанијата ќе им го наплатува на вработените – задржувајќи им од платите – секој месец.

Управата на „Делта“ соопшти дека во иднина, боледувањата (за заболени од Ковид) ќе бидат покриени (платени) само за оние вработени кои се вакцинирани со две дози.

Притисок врз вработените – за вакцинирање

Првиот човек на компанијата Ед Бастијан има испратено меил до сите вработени, во кој објаснува дека ваквата мерка била неопходна, за да се спречи, како што има напишано, агресивното ширење на вирусот, во услови кога расте бројот на новозаразените низ цела Америка.

Според него, ова е уште еден обид на една голема и моќна компанија, која секојдневно е во контакт со многу луѓе, да ги НАТЕРА своите вработени да се вакцинираат.

Мерката стапува во сила на 1 ноември оваа година и со неа ќе бидат опфатени повеќето од вкупно 75 илјади вработени во „Делта Ерлајнс“.

Управата објаснува дека сегашната цена за лечење на заболните вработени од Ковид, ја чини компанијата – во просек – по 50 илјади долари, по човек, што се смета дека е трошок што таа се потешко може да го поднесе.

„Делта“ не е единствената американска компанија која воведува специјални мерки за да ги натера своите вработени да се имунизираат.

Банката „Голдман/Сакс“, на пример, нареди задолжителна вакцинација за сите вработени во централата на банката во Њујорк, додека за оние во големата филијала во Лондон, задолжително е носење маски, без разлика што британските власти тоа не го бараат.

Пад на приходот од 50 отсто

Досега, сите вработени во авионските компании во САД, мора да носат маски на лицето во авионите – на сите летови – но, тоа не е задолжително за вработените кои се канцеларија.

„Јунајтед Ерлајнс“ (најголемата во САД), потоа „Голдман/Сакс“, како и „Мајкрософт“ и „Гугл“ ги имаат известено своите вработени дека мора да бидат вакцинирани – со две дози – за да може да доаѓаат на работа. Инвестициската компанија „Вангард“, пак, нуди бонус од илјада долари – за вакцинирање – додека Амазон и Апл, засега, немаат определено своја политика околу ова прашање.

Авионската компанија „Делта“ објави дека во вториот квартал од оваа година – заклучно со крајот на јуни – имаат остварен приход од 5,3 милијарди долари. Тоа е повеќе од 50 отсто помалку во споредба со истиот период во 2019 година, пред избувнувањето на кризата со глобалната пандемија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе