Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Тексас: Лекување прво за вакцинираните

martince2/Depositphotos.com

Тексас: Лекување прво за вакцинираните

Забрзаното ширење на пандемијата во американската сојузна држава Тексас, посебно во нејзините северни делови и во реонот околу Далас, предизвикува проблеми во приемот на новозаразените и заболени лица на кои им е потребно лекување во одделенијата за интензивна нега. Тие одделенија, меѓутоа, веќе се преполни, некаде и со над 100 отсто од капацитетите, па луѓето ги сместуваат во болничките ходници.

Во сегашната ситуација во која се наоѓа оваа сојузна држава, во Далас веќе е разговарано за тоа како лекарите да постапуваат и како да се однесуваат во ситуација кога на сите – одеднаш – не ќе може да им се пружи истоветна нега.

Уште повеќе што сите пациенти не се исти кога станува збор за степенот на заразеноста и за компликациите што Делта вирусот може да ги предизвика, или веќе ги има направено при приемот во болница.

Малку вакцинирани

Состојбата е дојдена до таму, што според списанието „Форбс“ во северен Тексас се размислува за тоа – кому да му се даде предност при примањето на интензивна нега – на оние кои се вакцинирани, или на невакцинираните.

Логиката на лекарите (со која се согласуваат медицинските експерти) е дека вакцинираните имаат поголема можност да се излекуваат и да преживеат, од невакцинираните.

Тоа за Тексас е важно, затоа што во оваа конзервативна држава која ја водат републиканци со спротивставување на вакцинацијата, или барем со отпор кон епидемиолошките мерки во борбата со пандемијата, едвај 43 отсто од населението имаат примено две дози вакцини.

Тексашките лекари, сепак, се надеваат дека нема да се најдат во тешката ситуација, за да се определуваат – кому да му дадат приоритет при лекувањето. И, при тоа да се определат од здравствената логика – предност да имаат вакцинираните. „Форбс“, меѓутоа, пишува дека таквото сценарио станува се поизгледно.

Упатство за реонот на Далас

На лекарите во реонот на Далас веќе им е речено дека можат да водат сметка за статусот на вакцинирањето, односно, дека ќе можат при распределувањето на пациентите – во врска со итноста на третманот – да водат сметка за тоа колкава е можноста за преживување на примениот пациент.

Во секој случај на оние во одделението за интензивна нега, каде се најтешко заболените.

Американските медиуми откриваат дека една работна група на епидемиолози кои го анализирале влошувањето на ситуацијата во северните делови од Тексас, веројатно ќе мораат во иднина да се определуваат меѓу оние кои се вакцинирани, а се одново заразени и невакцинираните, кога ќе треба да се одлучи кој од нив да добие предност.

Секако, се мисли на екстремните случаи и на компликуваните пациенти кај кои брзината во третманот има многу важна улога.

Одлуката е кај лекарите

Во текот на расправата во оваа работна група, лекарите кои ги лекуваат заболените од Ковид-19 изјавиле дека оние кои не се вакцинирани, секогаш имаат полош исход во лекувањето.

Тоа предизвикало, групата да им испратила интерно упатство за лекарите во реонот на Далас, според кое, доколку биде потребно тие можат да го земат во предвид статусот на пациентот – околу вакцинираноста – при одлучувањето кој да добие предност при лекувањето.

Во препораката предноста е ставена на страната на вакцинираните, иако за тоа им е оставено да одлучат лекарите – за секој случај посебно.

Оваа интерна препорака само кусо време останала „затворена“ и наменета за лекарите, затоа што некој му ја има дотурено на конзервативниот таблоид „Далас Морнинг Њуз“ кој ја објавил на своите страници.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе