Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Acqua alta” во Венеција

ChiccoDodiFC/Depositphotos.com

„Acqua alta” во Венеција

Главниот плоштад во Венеција – Свети Марко – беше поплавен, откако се случи ретка појава на т.н. „acqua alta” или „висока вода“.

Овој италијански град, лоциран во вода и од сите страни опкружен со канали, секоја нормална година, со ваквата ситуација и со поплавување на „пјаца Сан Марко“ се соочува на есен, или на почетокот на пролета. Тоа е период кога настанува висока плима на Јадранот.

Ова лето, меѓутоа, сето тоа се случува во „погрешно” време – кога во Венеција тоа никој не го очекува – тогаш кога има најмногу гости и најмногу туристи.

Виновник – климатските промени

Оваа ненормална ситуација, според експертите и метеоролозите, треба да се придодаде на списокот на бројните последици од глобалните климатски промени со кои се соочуваат Европа и светот годинава. Тоа посебно е видливо ова лето, некаде исполнето со катастрофални поплави, а на друга страна, со исто таква суша, со екстремно високи температури и со големи пожари кои посебно го погодија југот и југоистокот на европскиот континент, како и Калифорнија, во САД.

Во случајот на Венеција и летната „висока вода“ во центарот на градот, тоа се објаснува со податоците со кои располагаат италијанските експерти. „Свети Марко“ се нашол под вода, поплавен само четири пати во 1900 година. Сто и дваесет години подоцна, во оваа 2021, плоштадот е поплавен дури 60 пати.

И, годинава, особено затоа што е топло, затоа што е лето, на туристите не им пречеше водата на популарниот плоштад – сите ги имаат собуено чевлите за да храбро се прошетаат низ дојдената вода, која некаде достигаше и до колениците. Секако, притоа, правејќи „селфи“ и коментирајќи – “па, во Венеција сме, во градот на вода“.

Свети Марко – прв на удар

Останува уште објаснувањето – зашто се поплавува токму оваа „пјаца“?

Градот е сместен во една лагуна во северозападниот дел на Јадранско Море. Поради комбинација од различни фактори, вклучувајќи го и порамнувањето на Земјата и на Месечината, нивото на морето знае значајно да нарасне по неколку пати, во текот на годината.

Плоштадот Свети Марко е лоциран на најниската точка од Венеција – на само 64 сантиметри од нивото на морската површина – па, така, секогаш, прв се поплавува.

Ваквата ситуација би можела да се измени, со веќе изградениот одбранбен систем МОСЕ, што после многу одлагања и милијарди потрошени евра, како и бројни скандали и сомнежи за корупциски махинации – за прв пат беше успешно употребен во есента 2020 година. Системот би требало да ја спаси Венеција од натамошното поплавување.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе